Добредојде во новиот систем за исхрана

Нашата цел е да ти покажеме дека правилната исхрана не значи рестрикции и досадни диети, туку паметен и прилагоден начин да ја поддржиш својата цел – без разлика дали е слабеење, градење мускул или оформување на телото.
Овој нов систем е создаден да ти овозможи вистински персонализирано искуство, што ќе се менува со текот на сезоните, твоите навики и твојот животен ритам.
ОСНОВНА
Медитеранска база
Нашата основа е Медитеранската исхрана – затоа што е докажано најздрав и најодржлив начин на исхрана на долг рок, без рестрикции и стрес на организмот.

Таа е богата со:
🥦 зеленчук и овошје,
🐟 риби и морски полодови,
🥑 здрави масти (маслиново масло, авокадо, јаткасти плодови),
🥚 висококвалитетни извори на протеин. (јајца, месо и мешунки)
🍞 интегрални извори на јаглехидрати. (комир,ориз,целозрнест леб)
Овој пристап не само што ќе ти помогне да изгледаш подобро, туку и ќе го подобри твоето здравје, енергија, хормонална рамнотежа и варењето.
СЕЗОНСКИ МЕНИЈА
Во секоја сезона ќе имаш нови менија, вкусови и предизвици прилагодени на фазата во која се наоѓаме:
🍂 BUILD – ЕСЕНСКА СЕЗОНА

менија со повеќе протеин и енергија за градење мускулна маса.
❄️ FORCE – ЗИМСКА СЕЗОНА

урамнотежени менија за оформување и контрола на калориите.
🌷 PULSE – ПРОЛЕТНА СЕЗОНА

полесни менија за дефиниција и свежина во исхраната.
☀️ BALANCE – ЛЕТНА СЕЗОНА

практични менија за одржување на форма и баланс за време на одморите
Дополнително, во секоја сезона ќе можеш да тестираш различни стилови на исхрана (кето, low-carb, high-protein, plant-based) за да откриеш дали некој тип од овие мѕ му одговара на твоето тело.
🥘 Нови категории во исхраната
Нашиот систем сега вклучува широка база на избори за различни животни ситуации и потреби:
👨👩👧👦 Фамилијарни рецепти – за целото семејство, здрави и вкусни за сите генерации.
🚗 Водичи „што да јадеш кога не си дома“ – брзи и паметни избори во ресторани, патувања или на работа.
🎄 Празнични рецепти – така што ќе можеш да уживаш во храната без вина, дури и за време на празници.
🙏 Посни рецепти – специјално прилагодени за сите пости во текот на годината, со одржана нутритивна рамнотежа во зависност од твојата цел.
Со овој пристап, ќе имаш структура, разновидност и флексибилност – без рестрикции, без бројачи на калории, и без вина. Peach Army исхраната е тука за да ти покаже дека можеш да уживаш во храната, да го слушаш своето тело и сепак да напредуваш кон својата цел.