Сонот е често потценет, а всушност е една од најмоќните навики за постигнување резултати. Можеш да вежбаш совршено и да јадеш најздраво,но ако не спиеш доволно – телото нема време да се обнови, умот нема енергија да остане дисциплиниран, а хормоните не можат да создадат резултати.
💡 Зошто е важен? Сонот не е луксуз – тој е биолошка потреба.
Во текот на ноќта се случуваат најважните процеси за трансформација:
🩸 се регулираат хормоните (инсулин, кортизол, лептин, тестостерон),
💪 мускулите се обновуваат и растат,
🧠 мозокот ги „средува“ мислите и емоциите од денот,
🔥 метаболизмот се ресетира и телото учи како да согорува поефикасно.
Затоа ова не е само „време за спиење“ – ова е време за градење.
Недостатокот на сон го крева кортизолот (хормонот на стрес), а кога кортизолот е висок – телото одбива да согорува масти. Истовремено, телото произведува помалку лептин (хормон на ситост) и повеќе грелин (хормон на глад). Резултатот? Глад, желба за благо, надуеност и застој во резултатите.
👉 Затоа, твојата цел не е само 8 часа сон –
туку длабок, ресторативен сон во вистинско време.
Твој мини протокол: 🕙 Легнување помеѓу 22:00 и 23:00 часот.
📵 Исклучи телефон и светлина 30 минути пред спиење.
💧 Испиј чаша млака вода со магнезиум или чај од камилица.
🪷 5 минути длабоко дишење или journaling пред спиење.
📌 Кога спиеш добро – телото согорува масти и додека одмараш.
Сонот е најевтиниот, најмоќниот и најзанемарениот „суплемент“ на светот. Ако го совладаш него, телото само ќе ја најде својата рамнотежа.