Повеќето луѓе мислат дека резултатите зависат само од тоа колку силно вежбаат. Но вистината е дека најголемиот дел од твојот дневен енергетски трошок не доаѓа од тренингот — туку од движењето што го правиш помеѓу тренинзите.
Тоа се сите оние „мали движења“ кои не ги сметаме за вежбање: пешачење, качување по скали, средување дома, готвење, играње со децата, па дури и движењето на рацете додека зборуваш. Токму тоа се нарекува NEAT (Non-Exercise Activity Thermogenesis) – енергијата што телото ја троши при сите активности што не се тренинг.📌 Зголемувањето на NEAT активноста може да го зголеми твојот дневен трошок за до 500 калории без да направиш ниеден squat повеќе. Ова е најлесниот, најприродниот и најпаметниот начин да го „засилиш“ метаболизмот без да додадеш стрес на телото.
NEAT е твојот баланс меѓу активност и опоравување. Ако си премногу пасивна меѓу тренинзите, циркулацијата и оксигенацијата се намалуваат – што значи побавно обновување на мускулите. Но ако си умерено активна, телото побрзо се регенерира и мускулите растат поефикасно.
Твој мини протокол:
🚶♀️ Цел: 6.000–8.000 лесни чекори дневно (без замор).
🧘♀️ Раздвижи се по секој оброк – 5-10 минути лесно одење или истегнување.
🌿 Земи ги скалите наместо лифтот барем еднаш дневно.
💧 Хидрирај се редовно – движењето и хидратацијата се совршен пар за циркулација.📌 Телото што се движи – побрзо се обновува, побрзо расте, побрзо се чувствува живо.
💬 Не се работи за тоа колку пати неделно вежбаш, туку колку често му дозволуваш на телото да биде живо. NEAT не е тренинг – тоа е животен стил во движење.