
Добредојде во твојот 7-дневен интерактивен водич со Peach Army!
Ако си задоволна со твојата тежина, но сакаш да го обликуваш телото и да ја нагласиш својата форма, ќе имаш пристап до новиот Peach Army систем на Тренинзи, Исхрана, Протоколи и Задачи кои се специјално создадени да внесеш баланс: да го задржиш она што е добро, да поправиш она што може подобро и да уживаш во процесот.
Во следните 7 дена ќе добиваш јасна структура поделена во четири клучни делови:

Кратки тест тренинзи од нашиот нов систем на ELEMENTS со кои ќе можеш да ја провериш својата моментална физичка спремност на сите делови од телото.

Наши препораки и пример оброци кои ќе ти овозможат да јадеш вкусна и разновидна храна, а сепак да останеш во калориски баланс да ја постигнеш својата цел.

Дневни навики се тајната на успешните транформации. Со нашите нови персонализирани протоколи за различни цели ќе добиеш максимални резултати.

Со кратки дневни задачи споделени во нашата нова Вибер група, ќе градиме заедница, ќе се мотивираме една со друга и ќе ја чувствуваме енергијата која мотивира!
Твојот пат нема да е радикална промена, туку усовршување – а со овој систем ќе го добиеш токму тоа: персонализиран пристап што ќе ти помогне да го доведеш телото до ниво на кое ќе бидеш горда.
Спремна за промена? Добредојде во Армијата!
За да се дружиме секој ден, направивме бесплатна VIBER група
Придружи ни се со клик на копчето подолу: