БУРГЕР
Состојки
- 1 помал кромид
- 1 пиперка ситно сецкана
- Малку лукче ситно сецкано
- 30 гр жив црн грав (свари го сама, не купувај конзервиран)
- 20 гр мелен овес
- 1 јајце
- Зачини: шарена сол, бибер, тако зачин, црвен пипер
- 30 гр изронета фета
- Неколку листови зелка или марула како замена за лепчиња
- Домат опционално или свежа салата како прилог
Начин на припрема
Пржиме на загреана тава со малку масло. Најпрво го сецкаме кромидот на поситно заедно со пиперката, ги оставаме малку само да омекнат , го додаваме лукчето и промешуваме. Зеленчукот се префрла во подлабок сад , па се додава црниот грав па се пасира со сите зачини, јајцето и мелениот овес и пак добро мешаме. Откако ќе се направи целина се наросува фетата и повторно мешаме и формираме една или две плескавици, па печеме/пропржуваме на нелепливо тавче. Бургерот го сервираме како на сликата .