ПОЈАДОК: БАНАНА И ЦРЕШИ СМУТИ
Состојки:
1 банана
1 рака замрзнати цреши
1 дозерка протеински прашок ванила
1 канче грчки јогурт 150гр
2 големи лажици чиа семе
Начин на подготовка: Сите состојки се блендираат. Едноставен и енергичен појадок за одличен почеток на неделата.
УЖИНА: 2 КИВИ
Состојки:
2 киви
Начин на подготовка:
- Излупете ги кивите и исечете ги на половинки, кругови или парчиња по желба.
- Послужете ги свежи како ужина, додадете ги во овошна салата или измешајте ги во смути.
- Ако сакате нешто поинтересно, можете да ги замрзнете киви парчињата и да ги прелиете со темно чоколадо за здрав десерт.
Прилагодување за мускулна маса:
Кивите сами по себе се нискокалорични, па за дополнителна енергија и протеини комбинирајте ги со јогурт или гранола.
РУЧЕК: КИНЕСКИ ЌОФТИЊА СО БРОКУЛА
Состојки
250 гр мелено пилешко или мисиркино/200гр леќа
1 цвет брокула колку твојата дланка
кромид
луто пиперче по желба или буковец
магдонос
1 јајце
5 полни лажици мелен овес
1 лажиче сусам
1 голема лажица соја сос
Начин на подготовка:
Ако си за прв пат кај нас конечно ја дознаваш нашата мала тајна за вкусни ќофтиња, а тоа е мелениот овес. Во длабок сад мешаш мелено месо, ситно сечкан магдонос и кромид, јајце, луто пиперче или буковец, зачини по желба и формираш помалецки ќофтиња или плескавици.
На загреано тавче со мааалку масло ги пржиме ќофтињата. Откако се испржат ги тргаме настрана, а во истото тавче ги додаваме и брокулите. Се пропржуваат па додаваме и малку соја сос, сусамче, па откако се пропржат(не мора целосно)ги враќаме и ќофтиња и ги мешаме заедно. За овој ручек не ти е потребна салата, брокулата си врши многу функции овој пат! На здравје.
За веге: Се потготвува на ист начин ќофтето, само наместо мелено се става леќа.
ВЕЧЕРА: ПРОТЕИНСКА ДОМАШНА ПИЦА
Состојки
150 гр урда или свеж сир од кам
3 јајца
3/4големи лажици мелен овес
1/2 лажичка пециво
малку сол
Топинг: 50 гр моцарела, доматно пире, 100 гр пршутаНачин на подготовка: Се блендираат сите состојки за тестото за пица и се става да се пече. При крај се вади тестото се мачка со доматно пире, малку моцарела и се додава пршутата.