Сонот е често потценет, а всушност е една од најмоќните навики за постигнување резултати. Можеш да вежбаш совршено и да јадеш најздраво,но ако не спиеш доволно – телото нема време да се обнови, умот нема енергија да остане дисциплиниран, а хормоните не можат да создадат резултати.
💡 Зошто е важен? Сонот не е луксуз – тој е биолошка потреба.
Во текот на ноќта се случуваат најважните процеси за трансформација:
🩸 се регулираат хормоните (инсулин, кортизол, лептин, тестостерон),
💪 мускулите се обновуваат и растат,
🧠 мозокот ги „средува“ мислите и емоциите од денот,
🔥 метаболизмот се ресетира и телото учи како да согорува поефикасно.
Затоа ова не е само „време за спиење“ – ова е време за градење.
Мускулите не растат во теретана – туку додека спиеш. Во текот на длабокиот сон, телото лачи хормон на раст (GH) и тестостерон, два хормони што се клучни за изградба на ново ткиво и сила. Ако спиеш помалку од 6 часа, твоето тело не произведува доволно од овие хормони и мускулите не можат да се опорават.
💡 Зошто е важен? Сонот не е луксуз – тој е биолошка потреба.
Твој мини протокол:
🕙 Легнување најдоцна до 23:00 часот.
🥛 Протеински шejк или лесен оброк со триптофан (јогурт, банана, ореви).
💨 Проветри ја собата и одржувај температура од 18–20°C.
🌑 Без екрани и силна светлина во последните 30 минути.📌 Квалитетен сон = подобра регенерација, повеќе мускул и повеќе сила.
Сонот е најевтиниот, најмоќниот и најзанемарениот „суплемент“ на светот. Ако го совладаш него, телото само ќе ја најде својата рамнотежа.