0% Поминато
0/0 Steps
  1. Добредојде

    🔥 Вовед BOOTY TEAM
  2. 🏋️ Вовед ТРЕНИНГ
  3. 🥗 Вовед ИСХРАНА
  4. ✨ Вовед ПРОТОКОЛ
  5. 💬 Вовед – ЗАДАЧА
  6. 🩷 Дојди во VIBER групата
  7. Ден 1
    🏋️ Денешен Тренинг - Roots
  8. 🥗 Денешна Исхрана – Важноста на Појадокот
  9. ✨ Денешен Протокол – Хидратација
  10. 🎯 Задача на денот - Почетокот на твојата сила
  11. Ден 2
    🏋️ Денешен Тренинг – WINGS
  12. 🍫Денешна Исхрана – Како да го контролираш апетитот и внесот на шеќер
  13. 🌙 Денешен Протокол – СОН
  14. 🎯 Задача на денот - Прошири ги границите
  15. ДЕН 3
    🏋️ Денешен Тренинг – STONE
  16. 🥗 Денешна Исхрана – Зошто протеинот е број еден макро?
  17. 🚶‍♀️ Денешен Протокол – ДНЕВНА АКТИВНОСТ (NEAT)
  18. 🎯 Задача на денот - Енергија, срце и мотивација
  19. ДЕН 4
    🏋️ Денешен Тренинг – FLAME
  20. 🥗 Денешна Исхрана – Хидратација и електролити
  21. 🌞 Денешен Протокол – УТРИНСКА РУТИНА
  22. 🪨 Задача на денот - Стабилноста
  23. ДЕН 5
    🏋️ Денешен Тренинг – FLOW
  24. 🍽️ Денешна Исхрана – Мали навики што прават голема разлика
  25. 🍽️ Денешен Протокол – СВЕСНО ЈАДЕЊЕ
  26. 💧 Задача на денот - Флексибилност
  27. ДЕН 6
    🏋️ Денешен Тренинг – Ден за одмор
  28. ⚡ Денешна Исхрана – Храна и енергија
  29. ✨ Денешен Протокол – ДИГИТАЛЕН ДЕТОКС
  30. 🌙 Задача на денот - Обновување
  31. ДЕН 7
    🏋️ Денешен Тренинг – Ден за одмор
  32. 🌿 Денешна Исхрана – Како да ја најдеш својата исхрана и да ја претвориш во животен стил
  33. 💫 Денешен Протокол – РЕФЛЕКСИЈА И СЛЕДЕЊЕ НА НАПРЕДОКОТ
  34. 💫 Задача на денот - РЕФЛЕКСИЈА
Материјал 20 од 34
Во тек

🥗 Денешна Исхрана – Хидратација и електролити

ноември 3, 2025

Хидратација и електролити – Тајната што менува сè

Водата е најчесто потценетата „суплементација“ на светот. Без доволна хидратација, ниту метаболизмот, ниту варењето, ниту тренингот не можат да функционираат оптимално.

Кога телото е дехидрирано, срцето работи потешко, мускулите се уморуваат побрзо, а мозокот испраќа лажни сигнали за глад – па мислиш дека ти треба храна, а всушност ти треба вода.

Електролитите (натриум, калиум, магнезиум) се минерали кои ја задржуваат водата во клетките и овозможуваат правилна работа на мускулите, срцето и нервниот систем. Без нив, водата едноставно „поминува низ тебе“ без ефект.

📌 Правилната хидратација не е само пиј вода — туку пиј ја паметно: со баланс на минерали, во вистинско време и во вистинска количина за твојата цел.

Мускулите се составени од над 70% вода.  Ако не пиеш доволно, телото не може ниту да складира, ниту да гради мускул. Дехидрираниот мускул е како сува сунѓер — без волумен, без сила и со побавно опоравување.

💦 Колку: 3–3.5 литри дневно (уште повеќе во денови со интензивен тренинг).
Совет: користи електролити после тренинг за подобро задржување на течности и регенерација.
🍌 Додај: банана, авокадо или кокосова вода за природен калиум и магнезиум.

Пример:

  • Пред тренинг: 300 ml вода со електролити
  • После тренинг: шejк со протеин + 250 ml кокосова вода
  • Во текот на денот: 2.5 литри вода во мали голтки

📌 Хидрирани мускули = поголем волумен, повеќе сила и побрз раст.

💬 Запомни: најбрзиот начин да го „успориш“ метаболизмот е да престанеш да пиеш вода.
Телото не може да согорува, да се опорави или да расте без неа.

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.