0% Поминато
0/0 Steps
  1. Добредојде

    🔥 Вовед BALANCE TEAM
  2. 🏋️ Вовед ТРЕНИНГ
  3. 🥗 Вовед ИСХРАНА
  4. ✨ Вовед ПРОТОКОЛ
  5. 💬 Вовед – ЗАДАЧА
  6. 💚 Дојди во VIBER групата
  7. Ден 1
    🏋️ Денешен Тренинг - Roots
  8. 🥗 Денешна Исхрана – Важноста на Појадокот
  9. ✨ Денешен Протокол – Хидратација
  10. 🎯 Задача на денот - Почетокот на твојата сила
  11. Ден 2
    🏋️ Денешен Тренинг – WINGS
  12. 🍫Денешна Исхрана – Како да го контролираш апетитот и внесот на шеќер
  13. 🌙 Денешен Протокол – СОН
  14. 🎯 Задача на денот - Прошири ги границите
  15. ДЕН 3
    🏋️ Денешен Тренинг – STONE
  16. 🥗 Денешна Исхрана – Зошто протеинот е број еден макро?
  17. 🚶‍♀️ Денешен Протокол – ДНЕВНА АКТИВНОСТ (NEAT)
  18. 🎯 Задача на денот - Енергија, срце и мотивација
  19. ДЕН 4
    🏋️ Денешен Тренинг – FLAME
  20. 🥗 Денешна Исхрана – Хидратација и електролити
  21. 🌞 Денешен Протокол – УТРИНСКА РУТИНА
  22. 🪨 Задача на денот - Стабилноста
  23. ДЕН 5
    🏋️ Денешен Тренинг – FLOW
  24. 🍽️ Денешна Исхрана – Мали навики што прават голема разлика
  25. 🍽️ Денешен Протокол – СВЕСНО ЈАДЕЊЕ
  26. 💧 Задача на денот - Флексибилност
  27. ДЕН 6
    🏋️ Денешен Тренинг – Ден за одмор
  28. ⚡ Денешна Исхрана – Храна и енергија
  29. ✨ Денешен Протокол – ДИГИТАЛЕН ДЕТОКС
  30. 🌙 Задача на денот - Обновување
  31. ДЕН 7
    🏋️ Денешен Тренинг – Ден за одмор
  32. 🌿 Денешна Исхрана – Како да ја најдеш својата исхрана и да ја претвориш во животен стил
  33. 💫 Денешен Протокол – РЕФЛЕКСИЈА И СЛЕДЕЊЕ НА НАПРЕДОКОТ
  34. 💫 Задача на денот - РЕФЛЕКСИЈА
Материјал 29 од 34
Во тек

✨ Денешен Протокол – ДИГИТАЛЕН ДЕТОКС

ноември 3, 2025

Дигиталниот свет е најголемиот „крадец на време“ и енергија. Секој скрол на телефон, секоја нотификација – го зголемува кортизолот и ја намалува концентрацијата. Живееме во време кога мозокот не добива момент на тишина. Телефон, пораки, нотификации, вести, reels, мeјлови… Дури и кога не работиме – мозокот работи.

Проблемот не е во технологијата, туку во тоа што немаме граници. Постои огромна разлика меѓу тоа да ја користиш технологијата — и таа да те користи тебе.

📌 Постојаната дигитална стимулација го крева кортизолот (стрес хормонот),  ја нарушува концентрацијата, сонот и природниот хормонален ритам,  а телото го чувствува тоа како хроничен замор.

Дигиталниот детокс не значи да „побегнеш“ од технологија, туку да ја вратиш контролата врз своето време, енергија и ум.

Ако твојата цел е да го задржиш балансот,  дигиталниот детокс е клучот да го задржиш и менталниот баланс. Телото не прави разлика меѓу физички и дигитален стрес –
и двата ја активираат реакцијата „бори се или бегај“.

Со секој ден на дигитален фокус, враќаш дел од мирот што ти недостасува.

Твој мини протокол:
🕯️ Направи „no-screen zone“ – утро и вечер.
🍃 Замени еден дел од денот со нешто креативно – читање, готвење, прошетка.
📸 Фотографирај со цел, не по навика.
💬 Провери колку време поминуваш онлајн и намали го за 20%.
🧘‍♀️ Присуство > продуктивност.

📌 Кога дигиталниот шум стивнува – повторно се слушаш себеси.

💬 Не мораш да избришеш ништо. Само избери кога и како ќе се појавиш онлајн. Слободата не значи да го исклучиш телефонот — туку да не дозволиш тој да го исклучи тебе.

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.