
Запoчнуваме со првиот ELEMENT Roots! Tемелот на твоето тело – како корени што го држат дрвото. Преку тренинзи за нозе и задник, ќе ја изградиш основата на твојата сила, ќе го подобриш држењето и ќе ја зголемиш ефикасноста на секојдневните движења. Силен долен дел од телото не се само естетика, туку стабилност и моќ кои овозможуваат да издржиш повеќе и да се движиш поефикасно.
Овие ROOTS ТЕСТ тренинзи се првиот чекор да ја утврдиш својата моментална физичка спремност. Се работи за LEVEL 1 (почетно) и LEVEL 2 (напредно ниво) на тренинг за долниот дел од телото кој ги активира сите клучни мускулни групи: Целта не е совршено изведување, туку мерење на твојата моментална физичка спремност. Следи ги внимателно инструкциите и се гледаме на тренинг!
LEVEL 1
LEVEL 2
ВАЖНО!
Ако тренингот ти е прелесен → тоа значи дека си спремна за повисоко ниво.
Ако ти е претежок → тоа е твојата стартна точка.
Сподели некој од овие стикери во ВИБЕР групата да знаеме на кој ROOTS левел си моментално.

Во целoсната програма ќе имаш можност да ги адаптираш тренинзите според твоето ниво:
LEVEL 1 (почетник)
LEVEL 2 (напреден)
LEVEL 3 (атлета)
Ќе можеш да прогресираш чекор по чекор, според твојата цел и резултати од тестовите.
За дефинирано и хармонично тело, долниот дел е клучен. Тонусираните нозе и обликуваните глутеуси создаваат визуелна рамнотежа и женствена форма. Roots ќе ти помогне да ги зајакнеш и обликуваш овие мускули, за да изгледаш посиметрично, поцврсто и естетски пооформено.
📌 Секое повторување е чекор кон грациозно и стабилно тело кое изгледа добро не само во тренинг опрема, туку и во секојдневниот живот.