Протеинот е градежниот материјал на твоето тело – од мускулите, косата и кожата, до хормоните и ензимите што го регулираат секој процес во организмот.
Без него, телото не може да се обнови, да се зајакне или да се обликува.
Но најчесто токму тој недостига во исхраната на жените. Наместо протеин, денот почнува со шеќер, а завршува со јаглехидрати — и затоа резултатите доаѓаат побавно, апетитот е нестабилен, а енергијата постојано паѓа.
Протеинот е најважниот макронутриент без разлика на целта, затоа што:
- го зголемува чувството на ситост и го контролира апетитот,
- ја забрзува метаболичката активност,
- ја одржува мускулната маса дури и кога слабеењето е фокус,
- помага во регенерација по тренинг,
- го поддржува хормоналниот баланс и имунитетот.
📌 Наједноставно кажано: без доволно протеин, нема цврсти мускули, нема забрзан метаболизам и нема стабилна енергија.
Научи како да го внесуваш во вистинска количина и комбинација според твојата цел – затоа што количината и времето на внес прават огромна разлика во резултатите.
Ако целта ти е цврсто, дефинирано и женствено тело, протеинот е клучот за облик, тонус и рамнотежа. Тој не само што ја задржува мускулната маса, туку и го поттикнува телото да користи масти како извор на енергија.
Протеинот помага и за поубава кожа, коса и нокти, бидејќи колагенот и еластичноста се градат од аминокиселини. Со секој оброк што содржи протеин, не само што го обликуваш телото, туку го храниш и одвнатре.
📌 За дефинирано тело – избери комбинации од лесни протеини и свежи влакна.
Пример оброк:
🥗 Туна салата со јајце, маслинки, зелена салата, краставици и лимонов дресинг
– лесна, хранлива и богата со протеин што го поддржува тонусот и дефиницијата.
