Back to Програма

Army ReSTART - BALANCE

0% Complete
0/0 Steps
  1. Добредојде

    🔥 Вовед BALANCE TEAM
  2. 🏋️ Вовед ТРЕНИНГ
  3. 🥗 Вовед ИСХРАНА
  4. ✨ Вовед ПРОТОКОЛ
  5. 💬 Вовед – ЗАДАЧА
  6. 💚 Дојди во VIBER групата
  7. Ден 1
    🏋️ Денешен Тренинг - Roots
  8. 🥗 Денешна Исхрана – Важноста на Појадокот
  9. ✨ Денешен Протокол – Хидратација
  10. 🎯 Задача на денот - Почетокот на твојата сила
  11. Ден 2
    🏋️ Денешен Тренинг – WINGS
  12. 🍫Денешна Исхрана – Како да го контролираш апетитот и внесот на шеќер
  13. 🌙 Денешен Протокол – СОН
  14. 🎯 Задача на денот - Прошири ги границите
  15. ДЕН 3
    🏋️ Денешен Тренинг – STONE
  16. 🥗 Денешна Исхрана – Зошто протеинот е број еден макро?
  17. 🚶‍♀️ Денешен Протокол – ДНЕВНА АКТИВНОСТ (NEAT)
  18. 🎯 Задача на денот - Енергија, срце и мотивација
  19. ДЕН 4
    🏋️ Денешен Тренинг – FLAME
  20. 🥗 Денешна Исхрана – Хидратација и електролити
  21. 🌞 Денешен Протокол – УТРИНСКА РУТИНА
  22. 🪨 Задача на денот - Стабилноста
  23. ДЕН 5
    🏋️ Денешен Тренинг – FLOW
  24. 🍽️ Денешна Исхрана – Мали навики што прават голема разлика
  25. 🍽️ Денешен Протокол – СВЕСНО ЈАДЕЊЕ
  26. 💧 Задача на денот - Флексибилност
  27. ДЕН 6
    🏋️ Денешен Тренинг – Ден за одмор
  28. ⚡ Денешна Исхрана – Храна и енергија
  29. ✨ Денешен Протокол – ДИГИТАЛЕН ДЕТОКС
  30. 🌙 Задача на денот - Обновување
  31. ДЕН 7
    Тренинг?!
  32. 🌿 Денешна Исхрана – Како да ја најдеш својата исхрана и да ја претвориш во животен стил
  33. 💫 Денешен Протокол – РЕФЛЕКСИЈА И СЛЕДЕЊЕ НА НАПРЕДОКОТ
  34. 💫 Задача на денот - РЕФЛЕКСИЈА
Материјал 13 of 34
In Progress

🌙 Денешен Протокол – СОН

October 10, 2025

Сонот е често потценет, а всушност е една од најмоќните навики за постигнување резултати. Можеш да вежбаш совршено и да јадеш најздраво,но ако не спиеш доволно – телото нема време да се обнови, умот нема енергија да остане дисциплиниран, а хормоните не можат да создадат резултати.

💡 Зошто е важен? Сонот не е луксуз – тој е биолошка потреба.
Во текот на ноќта се случуваат најважните процеси за трансформација:
🩸 се регулираат хормоните (инсулин, кортизол, лептин, тестостерон),
💪 мускулите се обновуваат и растат,
🧠 мозокот ги „средува“ мислите и емоциите од денот,
🔥 метаболизмот се ресетира и телото учи како да согорува поефикасно.

Затоа ова не е само „време за спиење“ – ова е време за градење.

Ако веќе си ја постигнала тежината,  тогаш сега сонoт е она што ќе ја направи разликата меѓу „уморно тело“ и сјајно, енергично тело.

💡 Зошто е важен? Сонот не е луксуз – тој е биолошка потреба.

Кога спиеш добро:

  • лицето изгледа посвежо,
  • телото не задржува вода,
  • држењето се подобрува,
  • а енергијата станува стабилна во текот на целиот ден.

Твој мини протокол:
🕯️ Направи вечерна рутина – топла бања, мирис на лаванда, релаксирачка музика.
📓 Напиши три работи за кои си благодарна пред спиење.
🥛 Испиј топло растително млеко со малку мед или колаген.
😴 Легнување секоја вечер во исто време.📌 Кога телото се одмора, формата станува појасна, а умот посмирен.

Сонот е најевтиниот, најмоќниот и најзанемарениот „суплемент“ на светот.
Ако го совладаш него, телото само ќе ја најде својата рамнотежа.

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.