Back to Програма

Army ReSTART - BALANCE

0% Complete
0/0 Steps
  1. Добредојде

    🔥 Вовед BALANCE TEAM
  2. 🏋️ Вовед ТРЕНИНГ
  3. 🥗 Вовед ИСХРАНА
  4. ✨ Вовед ПРОТОКОЛ
  5. 💬 Вовед – ЗАДАЧА
  6. 💚 Дојди во VIBER групата
  7. Ден 1
    🏋️ Денешен Тренинг - Roots
  8. 🥗 Денешна Исхрана – Важноста на Појадокот
  9. ✨ Денешен Протокол – Хидратација
  10. 🎯 Задача на денот - Почетокот на твојата сила
  11. Ден 2
    🏋️ Денешен Тренинг – WINGS
  12. 🍫Денешна Исхрана – Како да го контролираш апетитот и внесот на шеќер
  13. 🌙 Денешен Протокол – СОН
  14. 🎯 Задача на денот - Прошири ги границите
  15. ДЕН 3
    🏋️ Денешен Тренинг – STONE
  16. 🥗 Денешна Исхрана – Зошто протеинот е број еден макро?
  17. 🚶‍♀️ Денешен Протокол – ДНЕВНА АКТИВНОСТ (NEAT)
  18. 🎯 Задача на денот - Енергија, срце и мотивација
  19. ДЕН 4
    🏋️ Денешен Тренинг – FLAME
  20. 🥗 Денешна Исхрана – Хидратација и електролити
  21. 🌞 Денешен Протокол – УТРИНСКА РУТИНА
  22. 🪨 Задача на денот - Стабилноста
  23. ДЕН 5
    🏋️ Денешен Тренинг – FLOW
  24. 🍽️ Денешна Исхрана – Мали навики што прават голема разлика
  25. 🍽️ Денешен Протокол – СВЕСНО ЈАДЕЊЕ
  26. 💧 Задача на денот - Флексибилност
  27. ДЕН 6
    🏋️ Денешен Тренинг – Ден за одмор
  28. ⚡ Денешна Исхрана – Храна и енергија
  29. ✨ Денешен Протокол – ДИГИТАЛЕН ДЕТОКС
  30. 🌙 Задача на денот - Обновување
  31. ДЕН 7
    Тренинг?!
  32. 🌿 Денешна Исхрана – Како да ја најдеш својата исхрана и да ја претвориш во животен стил
  33. 💫 Денешен Протокол – РЕФЛЕКСИЈА И СЛЕДЕЊЕ НА НАПРЕДОКОТ
  34. 💫 Задача на денот - РЕФЛЕКСИЈА
Материјал 17 of 34
In Progress

🚶‍♀️ Денешен Протокол – ДНЕВНА АКТИВНОСТ (NEAT)

October 10, 2025

Повеќето луѓе мислат дека резултатите зависат само од тоа колку силно вежбаат.  Но вистината е дека најголемиот дел од твојот дневен енергетски трошок не доаѓа од тренингот — туку од движењето што го правиш помеѓу тренинзите.

Тоа се сите оние „мали движења“ кои не ги сметаме за вежбање: пешачење, качување по скали, средување дома, готвење, играње со децата, па дури и движењето на рацете додека зборуваш. Токму тоа се нарекува NEAT (Non-Exercise Activity Thermogenesis) – енергијата што телото ја троши при сите активности што не се тренинг.📌 Зголемувањето на NEAT активноста може да го зголеми твојот дневен трошок за до 500 калории без да направиш ниеден squat повеќе. Ова е најлесниот, најприродниот и најпаметниот начин да го „засилиш“ метаболизмот без да додадеш стрес на телото.

NEAT е алатката што ќе ти помогне да го одржиш резултатот без рестрикции.
Дури и во денови кога не тренираш, лесното движење ја одржува фигурата активна, лимфниот систем чист и енергијата стабилна.

Твој мини протокол:
💃 Вклучи музика и движи се додека местиш дома.
🚶‍♀️ Излези на кратка прошетка по ручек или вечера.
🐶 Ако имаш миленик – користи го секое шетање како активна пауза.
🌞 Поминувај време на сонце и свеж воздух.📌 Телото што се движи – останува во форма природно, без да се труди.

💬 Не се работи за тоа колку пати неделно вежбаш, туку колку често му дозволуваш на телото да биде живо. NEAT не е тренинг – тоа е животен стил во движење.

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.