Army ReSTART - FIT
-
Добредојде
🔥 Вовед FIT TEAM -
🏋️ Вовед ТРЕНИНГ
-
🥗 Вовед ИСХРАНА
-
✨ Вовед ПРОТОКОЛ
-
💬 Вовед – ЗАДАЧА
-
🧡 Дојди во VIBER групата
-
Ден 1🏋️ Денешен Тренинг - Roots
-
🥗 Денешна Исхрана – Важноста на Појадокот
-
✨ Денешен Протокол – Хидратација
-
🎯 Задача на денот - Почетокот на твојата сила
-
Ден 2🏋️ Денешен Тренинг – WINGS
-
🍫Денешна Исхрана – Како да го контролираш апетитот и внесот на шеќер
-
🌙 Денешен Протокол – СОН
-
🎯 Задача на денот - Прошири ги границите
-
ДЕН 3🏋️ Денешен Тренинг – STONE
-
🥗 Денешна Исхрана – Зошто протеинот е број еден макро?
-
🚶♀️ Денешен Протокол – ДНЕВНА АКТИВНОСТ (NEAT)
-
🎯 Задача на денот - Енергија, срце и мотивација
-
ДЕН 4🏋️ Денешен Тренинг – FLAME
-
🥗 Денешна Исхрана – Хидратација и електролити
-
🌞 Денешен Протокол – УТРИНСКА РУТИНА
-
🪨 Задача на денот - Стабилноста
-
ДЕН 5🏋️ Денешен Тренинг – FLOW тест
-
🍽️ Денешна Исхрана – Мали навики што прават голема разлика
-
🍽️ Денешен Протокол – СВЕСНО ЈАДЕЊЕ
-
💧 Задача на денот - Флексибилност
-
ДЕН 6🏋️ Денешен Тренинг – Ден за одмор
-
⚡ Денешна Исхрана – Храна и енергија
-
✨ Денешен Протокол – ДИГИТАЛЕН ДЕТОКС
-
🌙 Задача на денот - Обновување
-
ДЕН 7Тренинг?!
-
🌿 Денешна Исхрана – Како да ја најдеш својата исхрана и да ја претвориш во животен стил
-
💫 Денешен Протокол – РЕФЛЕКСИЈА И СЛЕДЕЊЕ НА НАПРЕДОКОТ
-
💫 Задача на денот - РЕФЛЕКСИЈА
Participants 41802
🥗 Денешна Исхрана – Важноста на Појадокот
October 8, 2025
Појадокот е почетниот сигнал за твоето тело – моментот кога му кажуваш дека е време да се разбуди, да произведува енергија и да започне со согорување. Без разлика дали целта ти е слабеење, градење мускул или оформување, утринскиот оброк го поставува тонот на целиот ден:
- го стабилизира шеќерот во крвта и апетитот,
- му дава на мозокот и телото гориво за фокус и енергија,
- го активира метаболизмот и го намалува ризикот од прејадување подоцна во денот.
Појадокот не мора да биде сложен – важно е да биде свесен избор што ќе ја поддржи твојата цел, наместо да ја саботира. Со вистински појадок, телото функционира поефикасно, енергијата останува стабилна, а резултатите доаѓаат побрзо.
Кога целта е топење на масни наслаги, појадокот треба да обезбеди долготрајна ситост без нагли скокови на шеќер. Затоа комбинацијата протеин + влакна + здрави масти е најдобриот избор.
⏰ Време: подобро е појадокот да е помеѓу 8 и 10 часот, за да се стабилизира апетит.
Пример оброк:
1 чаша зелен чај или кафе без шеќер
2 варени јајца
половина авокадо
салата од краставица и домат
