0% Поминато
0/0 Steps
  1. Добредојде

    🔥 Вовед FIT TEAM
  2. 🏋️ Вовед ТРЕНИНГ
  3. 🥗 Вовед ИСХРАНА
  4. ✨ Вовед ПРОТОКОЛ
  5. 💬 Вовед – ЗАДАЧА
  6. 🧡 Дојди во VIBER групата
  7. Ден 1
    🏋️ Денешен Тренинг - Roots
  8. 🥗 Денешна Исхрана – Важноста на Појадокот
  9. ✨ Денешен Протокол – Хидратација
  10. 🎯 Задача на денот - Почетокот на твојата сила
  11. Ден 2
    🏋️ Денешен Тренинг – WINGS
  12. 🍫Денешна Исхрана – Како да го контролираш апетитот и внесот на шеќер
  13. 🌙 Денешен Протокол – СОН
  14. 🎯 Задача на денот - Прошири ги границите
  15. ДЕН 3
    🏋️ Денешен Тренинг – STONE
  16. 🥗 Денешна Исхрана – Зошто протеинот е број еден макро?
  17. 🚶‍♀️ Денешен Протокол – Дневна Активност (NEAT)
  18. 🎯 Задача на денот - Енергија, срце и мотивација
  19. ДЕН 4
    🏋️ Денешен Тренинг – FLAME
  20. 🥗 Денешна Исхрана – Хидратација и електролити
  21. 🌞 Денешен Протокол – УТРИНСКА РУТИНА
  22. 🪨 Задача на денот - Стабилноста
  23. ДЕН 5
    🏋️ Денешен Тренинг – FLOW
  24. 🍽️ Денешна Исхрана – Мали навики што прават голема разлика
  25. 🍽️ Денешен Протокол – СВЕСНО ЈАДЕЊЕ
  26. 💧 Задача на денот - Флексибилност
  27. ДЕН 6
    🏋️ Денешен Тренинг – Ден за одмор
  28. ⚡ Денешна Исхрана – Храна и енергија
  29. ✨ Денешен Протокол – ДИГИТАЛЕН ДЕТОКС
  30. 🌙 Задача на денот - Обновување
  31. ДЕН 7
    🏋️ Денешен Тренинг – Ден за одмор
  32. 🌿 Денешна Исхрана – Како да ја најдеш својата исхрана и да ја претвориш во животен стил
  33. 💫 Денешен Протокол – РЕФЛЕКСИЈА И СЛЕДЕЊЕ НА НАПРЕДОКОТ
  34. 💫 Задача на денот - РЕФЛЕКСИЈА
Материјал 21 од 34
Во тек

🌞 Денешен Протокол – УТРИНСКА РУТИНА

ноември 3, 2025

Начинот на кој го започнуваш денот го одредува како ќе се чувствуваш, што ќе избереш и какви резултати ќе создадеш. Повеќето луѓе го започнуваат денот брзајќи – со телефон, кафе и стрес. Но ако научиш да го започнуваш со намера, телото, умот и хормоните ќе работат во твоја полза цел ден.

📌 Првите 60 минути се твојата „златна зона“.

Во тие моменти можеш да ја активираш енергијата, да го балансираш кортизолот (стрес хормонот), да го поттикнеш метаболизмот и да го насочиш мозокот кон фокус и дисциплина. Не мора да биде совршена рутина — доволно е да биде твоја.

Твојата цел е да го разбудиш телото без стрес и да му дадеш сигнал дека е време да согорува, а не да складира. Утринската рутина треба да го активира метаболизмот и да ја намали потребата за шеќер и кофеин подоцна во денот.

Твој мини протокол: 🌅 Разбуди се во исто време секое утро.
💧 Испиј чаша вода со лимон или електролити веднаш по будење.
🚶‍♀️ Направи 5–10 минути лесно движење или дишење на свеж воздух.
🧠 Запиши една намера за денот („Денес се грижам за себе.“).
🥣 Јади појадок богат со протеин (јајца, грчки јогурт, авокадо).

📌 Телото што се буди смирено – согорува паметно.

💬 Утринската рутина не е обврска – тоа е твој личен договор со себе. Начинот на кој се будиш, е начинот на кој живееш.

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.