IT’S PIZZA O’CLOCK

Состојки

2 оризови галети
1 јајце
2 лажици доматен сос или пире
1 парче чедар
1 парче пилешки или мисиркини гради
2-3 маслинки
2-3 свежи печурки
Црвен кромид опционално
Оригано
Сусам
Пециво
сол

Начин на припрема

Најпрво искрши ги галетите за полесно да се блендираат и бленд до структура на брашно. Прсни им малку сол и пециво, накратко бленд па додај ги јајцата и повторно бленд до хомогена смеса. Смесата истури ја на хартија за печење и оформи со лажица округло тесто како за пица па печи во загреана рерна на 200 степени од 10-12 минути. Извади го тестото па премачкај го со доматниот сос и додај ги останатите состојки исецкани на парченца како за пица. Може да си ставиш и кромид и пиперка и домат, оставам на твоја желба. Нароси со оригано и сусам и врати повторно во рерната да се допече односно да се растопи чедарот. I got you at PIZZA 😊

Слични теми

МОРКОВ МАФИНИ

Состојки: Начин на припрема: Прилагодување за мускулна маса: Најчесто поставувани прашања: Може ли да заменам или додам други состојки?Да, можете да додадете спанаќ, рендан тиквичка…

Вкусни крилца

Состојки:5-6 мали пилешки крилца1 лажичка маслиново масло3 лажичка доматен сос1 лажичка мед1 лажичка лук во прав1 лажичка мелена пиперка1 шолја варена пченкасол и бибер по…

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.