Јагоди во растопено темно чоколадо

Состојки:
1 рака свежи јагоди (околу 6–7 средни, ~100 гр)
1 коцка темно чоколадо (над 75% какао, ~10 гр)

Начин на подготовка:

Измиј ги јагодите и добро исуши ги со салфетка.
Во мала чаша или садче, растопи ја коцката темно чоколадо:
Микробранова: Загревај 20–30 секунди, промешај, по потреба додади уште малку време.
Пареа: Стави го чоколадото во сад над зовриена вода и мешај додека се стопи.

Има два начина на сервирање:
Топење: Стави ги јагодите на чепкалки и топни ги директно во чоколадото.
Прелевање: Нареди ги јагодите на чинија и попрскај ги со растопеното чоколадо одозгора.

Нутритивни вредности:
Калории: 87kcal
Протеини: 1.5г
Масти 4.8г
Јаглехидрати: 11.7г

Слични теми

ЧОКО БОРОВИНКИ

Состојки: Начин на подготовка: Прилагодување за мускулна маса: Најчесто поставувани прашања: Може ли да заменам или додам други состојки?Да, можете да додадете ореви, лешници или…

БАНАНА ЛИЖАВЧЕ

Состојки: Начин на подготовка: Прилагодување за мускулна маса: Најчесто поставувани прашања: Може ли да заменам или додам други состојки?Да, можете да додадете ореви, семки, или…

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.