Играј и Патувај до Занзибар
Главната награда на Dance Cardio 2 оваа година е патување на Занзибар!
За разлика од лани, овој пат ќе имаме само еден предизвик со играње кој ќе биде објавен во почетокот на Недела 3, а еве што ќе се случува и кои се чекорите кои треба да направиш за да станеш потенцијален победник и да го освоиш патувањето.
Чекор 1: Изгледај го ова видео:
Чекор 2: Направи видео како ТИ ги изведуваш овие денс движења. (сама, во пар, со друштво, дома или надвор, оставаме да одлучиш ти). Аудио траката со музиката ја имаш прикачена тука: https://drive.google.com/file/d/1xaNoMSUn4oYrYN5xm7Eow9x9cwJYeq5O/view?usp=sharing. Можеш да си ја симнеш и да ја користиш.
Чекор 3: Кликни на овој линк https://form.jotform.com/221093376823053 и прикачи го видеото во формата што ќе ја видиш откако кликнеш. Ова можеш да го направиш до Среда, 27ми Април на полноќ.
Чекор 4: Во понеделник, 2ри Мај, дојди на овој линк https://peacharmy.mk//lessons/glasaj/ за да гласаш за едно од видеата. Гласањето ќе биде отворено до Петок 6ти Мај на полноќ.
КАКО ЌЕ ТЕЧЕ ПРЕДИЗВИКОТ
- 20-27ми Април – додавање на видеа
- 27-29ти Април – Јас и Тамара ќе избереме 10-20 видеа коишто ќе бидат објавени за гласање.
- 2-6ти Мај – Сите од групата ќе бидете поканети да гласате.
*ВАЖНО: Се трудам секогаш да имаме фер гласање и тоа да доаѓа од девојките внатре во предизвикот. Гласањето ќе биде затворено и ќе може да гласаме само ние кои сме дел од Dance Cardio Challenge-от. Нека победат највеселите и најразиграните девојки! 🙂
ПРАВИЛА
- Можеш да учествуваш со едно видео.
- Можеш да гласаш само за едно видео. (можеш да си гласаш за себеси без проблем)
- Право на глас имаат само девојките коишто се дел од предизвикот.
ГЛАВНА НАГРАДА
Девојката со најмногу гласови ќе добие бесплатно патување во Занзибар.