Материјал 12 од 11
Во тек

2. Летен Предизвик – ДУШАТА на АРМИЈАТА

октомври 22, 2024

Препушти и се на Армијата и скокни во светот со најбројните трансформации.

Уште еднаш ти поскаувам топло добредојде на ВТОРИОТ Летен Предизвик за оваа година!

ВОЈНИЧКИ ПОЗДРАВ затоа што стана дел од најголемата женска војска!

Летен Предизвик е ДУШАТА на АРМИЈАТА.

Имаме ЧЕТИРИ НЕДЕЛИ за да постигнеме резултати!

На првиот летен предизвик пред неколку години, се роди нов термин, а тоа беше „Магијата на Ана”. 🙂

Масовно топење на масти, позитивни коментари, убава енергија и ооогромна поддршка, а мотивацијата на сите девојки таму е нешто што не се опишува!

Ќе научиш дека не треба да се “убиваш” од вежбање за да си фит, во форма и да изгледаш фантастично.

Оваа година за прв пат започнавме нов проект кој го нарековме ХЕРОИ.

Концептот се состои во тоа што кај мене дома на гости доаѓаат девојки од Армијата кои со помош на моите програми и предизвици успеале да си го променат телото, умот и начинот на живот од корен. До сега сум имала чест да разговарам само со три девојки, а тие се нашите први херои на овој проект, кои можеш да ги погледнеш тука: https://peacharmy.mk//hero/

Се надевам дека твојата трансформација и приказна ќе бидат уште една голема инспирација и мотивација за сите нас, а ти ќе станеш еден од нашите ХЕРОИ!

ТИ БЛАГОДАРАМ ШТО СИ ТУКА!

Ти посакувам голем успех и да си ја постигнеш целта.

Сакањеее,

Ана

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.