4. Патувај до ЗАНЗИБАР- ПРИКАЧИ СЛИКИ И ВИДЕО
НАЈДОБРАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА ПАТУВА НА ЗАНЗИБАР!
Како што кажува насловот, девојката со најдобрата трансформација ќе освои целосно покриено и платено патување на Занзибар ова лето! Како и на секој предизвик, јас избирам топ 25 трансформации, а вашите гласови се пресудни за првите три места.
НОВО: ДУРИ И ДА НЕ СИ НАЈДОБРАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА, ЌЕ ИМАШ МОЖНОСТ ДА ОСВОИШ БЕСПЛАТНО ПАТУВАЊЕ НА ЗАНЗИБАР
Како што знаеш, претходно, наградите за натпреварувачкиот дел во програмите и предизвиците беа парични во комбинација со продукти.
Ова година, во склоп на Peach Army, решивме да направиме мала промена и да го зголемиме наградниот фонд.
Промената се состои во тоа што главната награда за девојките што ќе освојат прво место на предизвиците и програмите во октомври ќе биде патување во Занзибар.
Идејата е во периодот помеѓу Јануари и Март 2023та година оваа група од 10 девојки да патува заедно на Занзибар.
Трошоците за патувањето и престојот ќе бидат покриени од Peach Army.
Како ќе бидат избрани овие 10 девојки?
5 од девојките ќе дојдат од предизвиците и програмите( 2 од летните предизвици, 1на од денс предизвикот и 2 од програмите во Октомври)
Останатите, бидејќи сме армија, решивме оваа година да имаме и категории за девојките што работат цела година на себе и ова навистина им е станато начин на живот + допринесуваат за армијата.
Категориите се:
- 1 најослабена во годината
- 1 најдобар задник
- 1 патот од FIT до BOOTY девојка
- 1 НАЈсекси девојка
- 1 НАЈфит мајка
Условот за да се класираш во една од овие категории е да учествуваш во сите предизвици и програми во текот на 2022ра година и да имаш испратено слики и видео за пред и потоа т.е. да ги имаш купено:
- Summer challenge 1
- Summer challenge 2
- InstaFIT или InstaBOOTY програмите што ќе се лансираат во Октомври 2022ра година.
Како ќе бидат избрани девојките во овие категории?
Во периодот на Јануари и Февруари, ќе избереме девојки за овие категории и секако потоа Армијата ќе гласа за најдобрите во секоја категорија.
Што треба да направиш за да учествуваш:
За да учествуваш во изборот за најдобра трансформација и да бидеш потенцијален победник на истиот, потребно е да ми испратиш ДВЕ СЛИКИ И ВИДЕО пред да започнеш со предизвикот, а тоа е сега, најдоцна до 29.06.2022 и уште ДВЕ СЛИКИ и ВИДЕО од кога ќе заврши четвртата недела и предизвикот, за кои јас ќе те потсетам повторно.
На лист хартија напиши го името на предизвикот го датумот кога ќе ја направиш првата фотографија и покриј го лицето како на примерот подолу. Потруди се да се гледа убаво напишаниот датум.
Совети за подобра фотографија:
Сликај се на дневна светлина, најдобро би било ако те слика некој друг и никако во спротивна насока на сонцето. Потруди се позадината каде што ќе се сликаш да биде чиста, пример на бел ѕид и слично. Можеш да бидеш облечена на гаќички и прслук, а можеш и на кратки шорцеви и спортски градник, битно ми е да ти се гледа стомакот и да не е прекриен со хеланки или гаќи. Не може да се воочи разликата ако си покриена со блуза или долга и широка маица или црни хеланки. На сите слики пожелно е да носиш исти алишта и потруди се да ја изимитираш истата поза за на крај добро да се воочи разликата.
НАСОКИ ЗА ВИДЕОТО:
Прати видео, во шорцеви/купаќи/долен веш, каде ќе биде откриен стомакот и пробај да го изимитираш видеото подолу.
Прикачи го видеото и сликите на овој линк: https://marketingink.aidaform.com/2022-SC-2
ВАЖНО:
Името и главата нема да бидат откриени на ниедна девојка на предизвикот. На сликата потребно е да држиш картон/лист хартија со датумот на кој е направена фотографијата. Сите оние кои нема да ги следат правилата ќе бидат дисквалификувани и нема да учествуваат во изборот на најдобра трансформација на Летен Предизвик.
Еве каде да ги испратиш сликите и ВИДЕОТО:
→ Сликите за трансформација ги испраќаш на овој линк: https://marketingink.aidaform.com/2022-SC-2
Потребно е да внесеш:
1.Tвое име и презиме
2.Твоја е-маил адреса со која си регистрирана во предизвикот.
3.Слика 1(слика од напред)
4.Слика 2(слика од страна)
5.ВИДЕО
Слики и ВИДЕО како пример:
Во продолжение ти покажувам пример како треба да изгледаат сликите и ВИДЕОТО кои ќе ми ги испратиш. Ќе те замолам да ги следиш правилата, во спротивно твојата слика нема да ги исполнува поставените критериуми и нема да биде дел од предизвикот.
Овој дел го работам сама и ќе ми биде од голема помош ако ги следиш овие правила. Немој да правиш колаж од сликите.
Во полето СЛИКА 1 објавуваш САМО ЕДНА СЛИКА, а тоа е сликата од напред, во полето СЛИКА 2, ја објавуваш сликата од страна, како примерот подоле.