Метаболизам: како се менува низ годините и како да го одржуваме

Ако некогаш сме приметиле дека омилениот фустан ни станува се потесен низ годините, не си замислуваме. Истражувањата покажуваат дека се здебелуваме во просек по 1 – 2 килограми годишно. Ова се случува затоа што како што старееме, така старее и нашиот метаболизам и со текот на годините станува доста спор. Ако ова е вистина, тогаш како да ја одржиме нашата фигура во повозрасните години?

Што е метаболизам?

Метаболизам е процес кој конвертира храна и пијалоци во енергија. Овој процес му помага на телото да циркулира крв, контролира температура и да извршува други важни дејности во телото. Метаболизмот ни работи цело време, дури и кога спиеме.

Нашето тело гори енергија на 3 главни начини:

  • Basal metabolic rate BMR ова е состојба во која гориме калории додека се одмараме
  • Термогенеза, енергијата што ја користиме за да ја процесираме храната
  • Физичка активност

Општо познато е дека прекумерената тежина е комплексна и хронична состојба, исто така е општо познато дека количината на калории што ја внесуваме и трошиме на ден игра улога.

Скратено, потребно е да трошиме повеќе калории од што внесуваме за да намалиме тежина.

Што се случува со нашиот метаболизам кога старееме?

Сите сме слушнале за тоа дека кај жените метаболизамот е природно забавен од хормоните но тоа не е баш точно.

Наспроти, најновите истражувања ни кажуваат дека метаболизамот останува ист од 20 до 60 години во животниот век.

Ова се главните промени:

  • од бебе до 1 година (најбрз метаболизам)
  • 1 до 20 години,нашиот метаболизам опаѓа постепено скоро 3% годишно
  • одкако ќе наполниме 60 години нашиот метаболизам опаѓа 0.7% годишно

Теориите од овие истражувања вклучуваат интересни хипотези. Една од нив е дека причината за драстичното опаѓање на нашиот метаболизам по 60тата година живот е фактот дека органите не функционираат во ист капацитет како порако и како такви не трошат многу енергија.

Сите останати надворешни фактори секако имаат улога: физичкко движење, исхрана, квалитет на живот како и хронични или наследни болести.

Поврзаноста помеѓу зголемена тежина и менопауза

Мажите и жените имаат слични метаболизми, но кај жените има еден клучен фактор – менопауза. Оваа состојба допринесува кај жените драстично да се зголеми килажата.

Сѐ што придонесува до ова:

Хормони:

Од пубертет па се до пред менопауза, кај жените вишокот на маст се складира во нивните колкови, бутови и задник.

За време на менопаузата, ниското ниво на естроген придонесува вишокот на маст да се складира во стомакот и меѓу органите.

Ова придонесува до влошување на здравјето:

  • високо ниво на холестерол
  • дијабет тип 2
  • болести поврзани со срцето
  • Алцхајмер

Старост:

Мускулната маса ни се намалува како што старееме, додека пак мастите ни се таложат со доста брзо темпо.

Генетски предиспозиции:

Нашето тело и како сме градени е нешто што не можеме да го промениме. Ако нашите роднини изгледаат на одреден начин во староста, шансите се големи дека и ние ќе изгледаме исто.

Животен стил:

Животните навики играат голема улога, посебно за време на менопауза. Секако дека ќе ни се зголеми килажата да поголемиот дел од времето седиме и јадеме повеќе.

Стресот и како се справуваме со него исто влијае на нас. Ако јадеме секогаш кога сме емоционални или пак со високото ниво на кортизол. Се ова влијае на тежината.

Помалку квалитетен сон исто така влијае на нашата килажа.

Ризиците се вистински.

Ризиците се вистински и не се работи само за фактот дека алиштата веќе не ни се точни. Прекумерена килажа во менопауза може да доведе до:

  • рак на дојка
  • висок крвен притисок што може да доведе до срцев удар
  • дијабетис што може да предизвика низа останати проблеми

Добрата вест е што се ова може да се спречи навреме.

Како да ја одржиш твојата тежина и потенцијално да го забрзаш метаболизамот:

Кревај тегови

Јади повеќе протеин

Избегнувај брзи диети

Одбирај здрави и органски намирници

Спиј

Контролирај го стресот

Ако ти се допадна овој текст имаме добри вести за тебе: неделен newsletter FIT FRIDAY.

Остави го твојот меил подолу и почни со грижа за себеси и своето тело. Ти го заслужуваш тоа!

    Слични теми

    Кој тим си ти?

    Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.