Мисиркино со брокула

Состојки
150 г мисиркино месо/ВЕГЕ: 150г тофу
150 г брокула (свежа)
50 г шери доматчиња
1 среден варен компир – 120 г
1 лажица маслиново масло (5 г)
малку лимонов сок
Малку сол, бибер, лушпа од лимон (по желба)
Свеж босилек или магдонос за додатен вкус

Начин на подготовка:
1. Подготовка на зеленчукот:
– Брокулата исечете ја на мали цветчиња. Мисиркиното исечи го на тенки ленти или коцки/тофуто на коцки.
Шери доматчињата пресечете ги на половина.

2. Варење на компирот:
– Компирот измијте го, ставете го во вода и варете 15–20 минути додека не омекне. Исцедете го и оставите да се излади.

3. Припрема на салата:
– Во тава загрејте ја лажичката маслиново масло на среден оган. Додадете ја брокулата и кратко запржете (3–4 минути), додека стане крцкава.
– Додадете го мисиркиното/тофуто и доматчињата, промешајте и запржете уште некоја минута, додека зарумени.
– Зачинете со сол, бибер, лимонов сок

4. Сервирање:
– Варениот компир исечете го на коцки и додадете го во салата. Промешајте нежно.
– Послужете топло или ладно, со свеж босилек или магдонос.

Често поставувани прашања
Можам ли да заменам или додадам други состојки?

Да, мисиркиното можеш да го замениш со пилешко или тофу (за вегетаријанска верзија). Брокулата може да ја замениш со тиквички, а наместо компир можеш да користиш киноа или булгур. Можеш да додадеш и малку фета сирење или авокадо за побогат вкус.

Може ли овој рецепт да биде без глутен?
Да, рецептот е природно без глутен.

Како да се чуваат остатоците?
Остатоците можат да се чуваат во затворен сад во фрижидер до 2 дена. Пред јадење можеш да ги јадеш ладни или лесно да ги подгрееш.

Како да се подгреат?
Подгреј ги на тивок оган во тава или во микробранова печка 1–2 минути, мешајќи повремено за рамномерно загревање.

Можам ли да користам друга маринада?
Не е потребна маринада, но можеш да го замаринираш мисиркиното со малку јогурт, лимонов сок, лук и зачини за дополнителен вкус пред готвење.

Здрави додатоци?
Можеш да додадеш семки од тиква или сончоглед, малку ленено семе, или прелив од јогурт со лимон и билки за повеќе протеини и вкус.

Нутритивни вредности:
Калории: 420 kcal
Протеини: 46 g
Јаглехидрати: 22 g
Влакна: 8 g
Масти: 20 g

Нутритивни вредности ВЕГЕ:
Калории: \~380 kcal
Протеини: 30 g
Јаглехидрати: 22 g
Влакна: 6 g
Масти: 15 g

Related Articles

ПОЛНЕТ МОДАР ПАТЛИЏАН

Состојки: Начин на припрема: Прилагодување за мускулна маса: Најчесто поставувани прашања: Може ли да заменам или додам други состојки?Да, можете да замените мелено телешко со…

ТАКО ПОЛНЕТ СЛАДОК КОМПИР

Состојки: Начин на подготовка: Прилагодување за мускулна маса: Најчесто поставувани прашања: Може ли да заменам или додам други состојки?Да, можете да замените телешко месо со…

САЛАТА СО СЛАДОК КОМПИР

ПЕЧЕН СЛАДОК КОМПИР СО СВЕЖА САЛАТА И НАУТ Состојки: За дресинг: Начин на подготовка: Прилагодување за мускулна маса: Најчесто Поставувани Прашања: Можам ли да заменам…

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.