ПАНЦЕРОТА

Состојки

  • 2 јајца
  • 1 парче интегрален леб
  • 30 гр пилешки гради/мисиркини гради/говедска пршута
  • 5-6 свежи шампињони/ВЕГЕ: 10 шампињони
  • 15 гр моцарела или чедар кашкавал
  • За ВЕГЕ плус 1 лажица грчки јогурт

Начин на припрема

Врти – сучи омлет е ама попримамливо звучи панцерота, нели? Вкусот е навистина воодушевувачки, па ќе те чекам да споделиш импресии. Најпрво потребно е да ги потпржиш само печурките, а потоа можеш и во истото тавче да ги ставиш прво изматените јајца, покриени со капак на тивка температура малку да се испечат, испржат, зависи од тоа како ќе ги подготвиш. Штом омлетот е испечен добро од едната страна, тргни го капакот и нароси врз него изрендана или сецкана салама, кашкавалот и печурките, додај зачини по желба и повторно покриј да се покрчкаат врз омлетот. Кога ќе се растопи кашкавалот, само поклопи го на пола и допечи го по твој вкус. Комбинирај со доматче или краставица и 1 парче леб.

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.