Победничките трансформации на Александра и Христина: како летниот предизвик им направи пресврт во животот?
Темата за денес се победничките трансформации на Александра и Христина! Браво девојки!
Ако имаме нови што не читаат денес, еве за што се работи.
Секоја година имаме Летен Предизвик – мини програма која трае 4 недели. Тие 4 недели се толку успешни што носат до неверојатни трансформации (од 5 до над 10 кг.). За да биде уште подобро: сите што ќе се пријават на овој предизвик имаат шанса да добијат бесплатно патување на егзотична дестинација.
Оваа година за Летен Предизвик 1 најдобрите трансфорации ги имаа Александра и Христина.
Поразговаравме со нив за предизвикот, за што ги држи мотивирани… имаа што да кажат и покажат, скроламе надолу кон интервјуто но прво нивните трансформации:
Како дозна за Летниот Предизвик?
A: На мојот фб како реклама.
X: Јас сум со армијата од инстафит 2021, и после тоа секој предизвик
Дали ти беше тешко да ги правиш вежбите?
A: Беше,само првиот ден.
X: Проблем имам само со стомачните, другите вежби ги правам без проблем
Кога ги виде првите резултати?
A: Па уште првата недела.
X: Конкретно за летен 1, по 2 недели со исхраната почнав да приметувам.
Од каде добиваше најмногу мотивација?
A: Од нашата фб група,таму е мотивацијата.
X: Од видеата и сторињата на Ана, гледајќи ја неа се мотивирав, девојките во фб групата исто, но првенствено Ана.
Што мислиш за рецептите?
A: Превкусни.
X: Искрено мене ми се напорни вечетите, сите знаеме во кое темпо живееме, доручек,ручек ми се ок, но за вечера многу ми е напорно да готвам, при крај на ден со крајни сили покрај шпорет ми е најтешко.
Кој ти е омилен?
A: Урма шејк.
X: Од доручек: сите смутиња и јајца со авокадо, кремаста палента, ручек: сендвич ала тоскана, само што јас сите состојки ги сечкам и го правам како салата, а не сендвич, грав со печурки, кремасто песто пилешко, вечера: хориатики салата, шарена салата со туна, освежителна салата, највкусна зелка салата.
Дали научи нешто ново во целиов процес?
A: Научив да не се прејадувам.
X: Овие 2 години со Ана многу научив, и многу се променив, друг начин на живот, пресреќна, полна со енергија, ова не е диета повеќе за мене, ова е животен стил.
Дали планираш да продолжиш со некој нов предизвик/програма во иднина?
A: Дефинитивно.
X: Со сите програми на Ана, а богами и со сите патувања кои ќе ги организира 😉
Што би препорачала на другите девојки што сѐ уште не започнале да вежбаат и да се хранат здраво?
A: Незнам што чекаат и што ги спречува,ама немат да згрешат тоа го знам 100 %.
X: За оние кои сакаат да послушаат совет, може да им порачам дека џабе им се сите изговори за немање време, дали да извежбаат, дали да ја следат исхраната., депресија, анксиозност, срам од сам себе. ДОСТА ИЗГОВОРИ. И јас ги имав сите изговори. Но сега може да не исчистам, престанав да пеглам, но за мене 1.5 час во денот имам време. Мора да се ставите на прво место, вие сте најважни. Работете на себе.
Ако ти се допадна овој текст имаме добри вести за тебе: неделен newsletter FIT FRIDAY.
Остави го твојот меил подолу и почни со грижа за себеси и своето тело. Ти го заслужуваш тоа!