Правилно изведување на вежби

Вежбање: сите ДА и НЕ за тоа како правило се изведува една вежба и како да држиме правилна форма при изведување на истата

Успехот на вежбањето е во држењето на правилната форма при вежбање. Ова се неколку насоки за како тоа се прави за да се постигне саканиот резултат.

Не треба да бидеш професионален спортист или бодибилдер за да имаш бенефити од вежбање. Кога се изведуваат на правилниот начин, вежбите помагаат со намалување на килажа, зголемување на силата и тонирање на мускули.

Спротивно на ова, доколку вежбите ги изведуваме погрешно нема да имаме резултати и дополнително ќе допринесат до повреда.

Положбата на телото при тренинг

Често се случува да наидеме на вежба која станала популарна или дел од некој тренд и сакаме да ја пробаме и да видиме дали ќе делува на нас.

Ова не е секогаш безбедно, посебно ако се работи за понапредно ниво на вежба. Неправилна изведба може да доведе до:

  • фрактура
  • истегнување
  • исчашување
  • дислокација

За почетници се препорачува да се следи програма или тренер – обучен во својата струка за правилни насоки. За да може подлогата да ја имате со правилно изведување на вежбите.

За тие што подолго време вежбаат а немаат резултати – важи истит совет. Некој дел од рутината за вежбање е погрешен и стручно лице ќе посочи точно кој.

На што треба да внимаваме кога вежбаме?

  • ако користиме тегови: сите тегови што планираме да ги користиме при вежбите да бидат со тежина кога ќе ни дозволи да ја повториме од 12 до 15 пати. За повеќето од нас еден сет со 12 до 15 повторување ги изморува мускулите но со редовно вежбање ќе се стигне до повеќе повторувања и до саканиот резултат: градење на мускулна маса и топење на масти
  • правилно вежбање: мора да ги изведуваме вежбите правилно, колку поправилно ги изведуваме вежбите толку побрзо ќе го постигнеме резултатот. Зголемувањето на повторувањата на вежбите ни е знак дека сме со правилна форма.
  • дишиме: често се случува да заборавиме да дишеме вежбајки, ова нема да помогне побрзо да ја изведеме вежбата. Баш напротив, треба да се вдишува пред а да се издишува по напорот.
  • баланс: мора да работиме на нашите главни мускулни групи – стомакот, колковите, нозете, градите и грбот. Со еднаква работа на целата мускулна група ќе добиеме баланс при изведба на вежбите.
  • одмор: избегнуваме да вежбаме иста мускулна група два дена по ред. Наместо тоа ги менуваме тренинзите: кардио, грб, нозе, стомак. Ги ротираме сите мускулни групи, на овој начин можеме да очекуваме резултат.

Што не треба да избегнуваме кога вежбаме?

  • загревање: “ладни” мускули се по подложни на повреда од загреани. Затоа никогаш не го скокаме загревањето
  • нема брзање: ги изведуваме вежбите со одредено темпо и правиме одмор по секое повторување
  • премногу повторувања: повторувањата на вежбите ги качуваме со одредено темпо кое зависи од нашата кондиција. Со предвремено воведено повторување има голем ризик од повреда
  • болки: ако чуствуваме болки веднаш правиме пауза. По краток одмор пробуваме повторно со помал интензитет
  • патики за вежбање: патиките се основата на вежбите посебно кога се работи за скок, кардио, за било која вежба мора да имаме правилна поддршка за нашите стапала за да спречиме повреди.

Подолу имаме неколку примери за тоа како правилно да ги изведуваме вежбите:

PLANK

MOUNTAIN CLIMBERS

DOUBLE JUMPS

PUSH UPS

БЕСПЛАТЕН [ВИДЕО] ВОДИЧ ЗА ПРАВИЛНО ИЗВЕДУВАЊЕ НА ВЕЖБИ

Што добиваш во овој водич:

  • 23 ВИДЕО вежби што можеш да ги правиш дома, на плажа или во парк.
  • Три категории: За горен дел, стомачни, долен дел на тело.
  • Аудио нарација од Ана Стојанова.
  • Достапност на материјалите 24/7 од телефон, таблет и компјутер.
  • Личен Peach Army профил.
  • Цена: БЕСПЛАТНО

    Слични теми

    Кој тим си ти?

    Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.