Смрзната јагода лимонада

Состојки:
50гр јагоди
1 лимон
200мл вода
неколку коцки дробен мраз
ливчиња нане опционално

Начин на припрема:
Изблендај ги сите состојки, најдобро е да го здробиш мразот, ама ако немаш дробалка, можеш и цели коцки мраз да ги оставиш. Стави си ливчиња нане за поубава арома, исечи си тркалце лимон и една јагода, стави си ги на чашата, стави сламка и уживај во најавата за летото 🙂

Нутритивни вредности:
Калории: 40 kcal
Протеини: 1 g
Јаглехидрати: 9 g
Влакна: 2.5 g
Масти: 0 g

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.