Материјал 1, Тема 1
Во тек

ВОВЕД

ноември 6, 2024

Ако си личност која што не сака да крева тегови, а притоа и ти смета таа гужва од испотени странци во теретана 🙂 , тогаш претпоставувам мислиш дека вежбите за раце и горниот дел од телото ти се на некој начин ограничени.

Можеби и не си далеку од вистината. 

Да се смисли и напише добар, ефикасен, а притоа забавен тренинг за горниот дел од телото за дома е уметност.

Во зависност од твојата спремност, за денешниот тренинг ти се потребни само две мали полни шишиња со вода во замена за тегови (доколку користиш и имаш рачни тегчиња од две или три кг дома секако можеш да ги искористиш за овој тренинг) или ако пак долго време немаш тренирано нема да ти биде потребно ништо, само добра енергија и почнуваме на 3… 2…. 1!

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.