КРЕИРАЈ УСПЕШНА ЦЕЛ
Првиот чекор кон создавање на успешна фитнес цел е да размислиш за себе.
Најпрво запрашај се кое е твоето ЗОШТО?!
Зошто сакам да ја постигнам таа цел?!
Како ќе направи да се чувствувам?!
Ќе влијае ли на мојата самодоверба?!
Колку повеќе прашања можете да си одговориш и колку поживописна слика можеш да си насликаш во твојот ум за тоа што го сакаш, толку повеќе твојата цел ќе изгледа поостварлива.
Колку повеќе емоции можеш да прикачиш во процесот на планирање на твојата цел, толку повеќе ќе сакаш да ја постигнеш.
Влези во 2024 спремна!
Од тебе зависи дали ќе постигнеш успех или ќе пројде уште една година без поголем успех на тоа поле. Со тебе сме, Јануари не е време за разочарување. Тек почнуваме со газење!