Материјал 1, Тема 1
Во тек

ХРАНА

октомври 15, 2024

ПОЈАДОК: НАУТ ПАЛАЧИНКИ

Калории 435 kcal

Состојки
  

За тесто:

  • 100 гр. Брашно од наут
  • 130 мл ладна вода
  • 1 лажица маслиново масло
  • Прстофат сол

За полнење:

  • Младо кромитче
  • 30 гр. Мисиркини или пилешки гради / ВЕГЕ опција тофу 50гр.
  • Грчки јогурт или урда
  • Пиперка опционално
  • Рукола
  • Домат опционално

Инструкции
 

  • За тестото: во еден длабок сад измешај го брашното со ладната вода, да стане хомогена смеса. Потоа додај го маслото и солта па печи на нелепливо тавче на средна температура. Кромитчето и пиперката можеш да ги запржиш а можеш и свежи, премачкај ги палачинките со урда или со грчки јогурт , додај мисиркини или пилешки гради (или тофу за Веге замена) и зелена салата, пример рукола.

Notes

ВЕГЕ Калории: 434kcal | Масти: 22g | Протеини: 20g | Јаглехидрати: 40g

УЖИНА: ЧОКО КИНОА

Калории 628 kcal

Состојки
  

  • 70 гр. киноа жива
  • 70 гр. Темно црно чоколадо
  • 1 лажиче кокосово масло

Инструкции
 

  • Којзнае што си помисли кога виде чоколадна киноа, аман и во благите ли? Да да госпоѓице, и тоа ќе бараш уште. На чисто тавче тостирај ја киноата на средна температура, како кога пуканките почнуваат да пукаат така и киноата ќе почнат да пуцкаат и да бегаат од тавчето. Чоколадото заедно со кокосовото масло стопи ги на пареа и тостираната киноа истури ја во чоколадото. Промешај и истури на хартија во мало тавче и стави во фрижидер да се стврдне. Почекај саат време па пресечи си, но не претерувај, имаш уште за 2 до 3 ужинки од оваа смеса. Само едно барче, останатото сочувај го за другите денови.

РУЧЕК: ГРАШОК СО ПЕЧУРКИ

Калории 267 kcal

Состојки
  

  • 60-80 гр грашок
  • 1 кромид
  • 100 гр свежи печурки
  • 50 -100 доматен сос или пире
  • Зачини по вкус црвен пипер, црн бибер, сол …
  • Вода 300-350 мл вода
  • Коцка супа од зеленчук

Инструкции
 

  • Исецкај ги кромидот и печурките, и потпржи ги на малку маслиново масло, а откако ќе омекнат додај им го и грашокот. Истури го доматниот сос, водата и коцката супа, и додај зачини по желба . Комбинирај со кисели краставички, туршија или зелена свежа салата.

ВЕЧЕРА: РАСКОШ САЛАТА

Калории 388 kcal

Состојки
  

  • Неколку листови зелена салата било која
  • 100 гр. Пилешки стек /ВЕГЕ замена 100 гр. Тофу или сејтан
  • 1 варено јајце
  • ¼ авокадо
  • 1 домат опционално
  • Зачини по желба
  • 1 лажица BBQ сос или кога ќе го пржиш пилешкото, стави 1 лажица соја сос

Инструкции
 

  • Речиси секогаш и во секој оброј ви пишувам зелена салата, не за џабе, нај нискокалорична е и богата е со многу од потребните витамини за нашиот организам. Така да, која зелена салата и да ја имаш нема да биде грешка за оваа раскошна во бои салата. Врз зелената салата нареди ги пилешкиот стек или тофуто, кој претходно можеш да го испечеш или пропржиш на не повеќе од 1 лажица маслиново, вареното јајце , авокадото и доматот насечкани. Прсни одозгора ориганце или зачин по твоја желба и уживај.

Notes

ВЕГЕ Калории: 319kcal | Масти: 22g | Протеини: 20g | Јаглехидрати: 10g

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.