Материјал 1,
Тема 1
Во тек
ХРАНА
ПОЈАДОК: ВИКЕНДАШКА КАСЕРОЛА
Состојки
- 2 јајца
- ½ кромид
- Чешне лук опционално
- 1 морков
- 2 лажици грашок
- 20 гр. Моцарела
- 30 гр. Пилешки или мисиркини гради / тофу 50гр
Инструкции
- Кромидот, лукчето, пилешките/мисиркините гради/тофуто, морковот се сецкаат на коцкички и се запржуваат на малку маслиново заедно со грашокот колку да омекнат. Се истураат во тавче за печење и врз нив се истураат изматените јајца заедно со моцарелата, и се печат на 220 степени (секоја рерна индивидуално, но им треба релативно кратко за да се испечат). Доколку сте повеќечлено семејство, можеш да ја зголемиш дозата и да направиш појадок за сите наеднаш. Ако пак немаш време да ја печеш како класична касерола, тогаш сите состојки комбинирај ги во класичен омлет.
Notes
ВЕГЕ Калории: 315kcal | Масти: 17g | Протеини: 25g | Јаглехидрати: 16g
УЖИНА: 2 КИВИ И 6-7 БАДЕМЧИЊА
РУЧЕК: ПРОТЕИНСКИ ЌОФТИЊА
Состојки
- Туна голема
- 1 среден компир до 150 гр.
- 1 лажиче чиа
- Младо кромитче
- Зачини по желба
- Магдонос по желба
- 2 лажици палента
Инструкции
- Свари го компирот и отпосле изгмечи го со вилушка во еден сад заедно со туната. Додај им ги исецканото кромитче, чиата, магдоносот и зачините по желба, и мешај додека смесата не стане хомогена. Формирај ќофтенца и истите увалкај ги во палента. Можеш да ги печеш на хартија во рерна или air fryer, или пак да ги пржиш. Комбинирај со голема зелена салата по желба.
РУЧЕК (ВЕГE): ВЕГЕ – БУРГЕР
Состојки
- 50 гр црвен грав од тегла или конзерва
- 50 гр наут од тегла или конзерва
- 1 црвен кромид
- 1 јајце
- Лукче опционално
- 30 гр. Ореви
- Зачини по желба црн пипер, шарена сол, буковец, чили
- 1 кружно црно лепче за бургер или 2 коцка интегрални лепчиња
- Едно тенко парче моцарела
- Кисели краставички опционално
- Марула домат опционално
- Од нашиот слатко-кисел кромид опционално
Инструкции
- Гравот и наутот изгмечи ги со вилушка, и додај им ги исецкани сите останати состојки вклучувајќи ги и зачините. За полесно и побрзо, можеш се да ставиш во блендер, но внимавај да не ти стане претечна смесата за бургерот. Формирај плескавица, или две помали како ти е полесно па како такви испечи ги или испржи ги. Откако е готова, биди креативна и нареди си ги салатките врз лепчето. Наздравје!
ВЕЧЕРА: ЦРН ПАТЛИЏАН ВО СЛАДОК СОС
Состојки
- 1 голем или 2 помали модри патлиџани
- 2 лажици урда
- 1 лажица грчки јогурт
- 3 лажици нискомаслен обичен јогурт
- 1 рамно лажиче мед
- Малку доматно пире
- Зачини – лук во прав копар, сол….
Инструкции
- Расечи го патлиџанот на три дела како на сликата, додај го доматното пире и зачини врз него и стави го да се пече. Додека се пече направи го сосос на страна, односно во една чинија измешај ги урдата, грчкиот, јогуртот и медот. Врз оваа смеса сервирај го испечениот патлиџан.