Материјал 1,
Тема 1
Во тек
ХРАНА
Појадок: СЛАДОК ФРАНЦУСКИ ТОСТ
Состојки
- 1 јајце
- 30 мл растително млеко 1 шот
- 1 банана
- прстофат сол
- 2 тост лепчиња интегрални
- неколку капки ванила
- За топинг : 1 лажица мед и пола банана 1 рака било кое шумско овошје или јагоди
Инструкции
- Пола банана, јајцето, млекото, сол и ванила (опционално) се блендираат. Двете лепчиња потопи ги убаво во оваа смеса и стави ги да се пржат или на нелепливо тавче или на малку кокосово масло. Другата половина од бананата пропржи ја и искористи ја да си декорираш.
Notes
ВАЖНО: Овој појадок може да се направи и солен како обични пржени лепчиња, само извади ја банатата, топингот и екстрактот од ванила, а од страна додади домат, пиперка и една лажичка урда. Најбитно е да знаеш дека не треба да се пржат во многу масло, најдобро е да си купиш четкичка за премачкување.
Ужина: Банана
Ручек: САЛАТА СО ЛОСОС
Состојки
- 200-250 гр лосос
- 1/2 авокадо
- микс зелена салата
- домат
- краставица
- кромид
- 3-4 маслинки по желба
- лимонче
Инструкции
- Вкусно и едноставно е вистинскиот збор. Баш како што изгледа и сликата. Рибата се пече, во меѓувреме ја правиш салатата. Најпрво ја зачинуваш зелената салата, а врз неа ги додаваш доматите, краставицата и кромидот. Од кога ќе се испече рибата ја додаваш од страна. На здравје ручек!
Вечера: МЕДИТЕРАНСКА КУЈНА
Состојки
- домат
- краставица
- црвен кромид
- малку рукола или спанаќ
- маслинки по желба
- 1 лажица хумус
- 3 лажици булгур киноа или кус кус
- 30 гр фета
Инструкции
- Зеленчукот се сечка, булгурот се вари, а хумусот, маслинките и фетата се додаваат. Зачините по твој избор, овде ми одело добро и оригано, малку маслиново, балсамик и сол.