Материјал 1,
Тема 1
Во тек
ХРАНА
ПОЈАДОК: ЧИА БОРОВИНКА ПУДИНГ
Состојки
- 3 лажици чиа
- 2 лажици овес
- 200 мл растително млеко
- 1 лажиче ванила
- За џем боровинка: 35-40 боровинки
- Едно лажиче течен засладувач
- 1 коцка црно чоколадо
Инструкции
- Измешај ги состојките за пудингот во едно тегличе или во длабок сад. А во едно тавче на средна температура на рингла стави ги боровинките и течниот засладувач, се додека не се распаднат и не стане како џем. Истури го џемот врз чиа пудингот и врз топлиот џем изрендај ја коцката чоколадо за да ти се растопи.
УЖИНА: МОРКОВЧЕ СО ЕДНО МАЛО ЛАЖИЧЕ ХУМУС
РУЧЕК: ПРОТЕИНСКА ПИЦА
Состојки
- 200 гр пилешки гради несаламурени
- 2 лажици овес 20 гр
- 1 јајце
- Зачини по желба но препорачувам лук оригано,буковец,црн бибер…)
- За врз пицата доматен сос малку моцарела , 3-4 маслинки
- И рукола свежа по желба кога веќе ќе си сервираш
Инструкции
- Вклучи ја рерната на 250 степени, и стави хартија за печење во кружно тавче или во какво ти одговара. Состојките изблендирај ги, ќе стане како тесто. Распореди го на хартијата во која форма сакаш а за да не ти се лепи на лажицата додека го правиш тоа, намокри ја задната страна на лажицата за полесно да формираш. Стави да се пече едно 7 минутки, извади го и врз него стави малку доматен сос, моцарелка и некоја маслинка и врати назад да се растопи моцарелата. Нароси оригано и сусам за целосно да го доловиш ефектот на пица. Заблагодари ми се подоцна 🙂
РУЧЕК (ВЕГE): ПРОТЕИНСКА ПИЦА – ВЕГЕ ЗАМЕНА (2 порции)
Состојки
За тестото:
- 135 гр. Киноа потопена во 500 мл. вода
- 125 мл вода посебно
- ½ лажиче сол
- ½ лажиче пециво
- 1 лажица маслиново масло
За топинг: доматен сос, моцарела, свежи печурки, 3-4 маслинчиња, сусам, оригано
Инструкции
- Потопи ја киноата во 500 мл вода од 6-8 часа ( а ако се брзаш или заборави, тогаш потопи ја во ептен врела вода минимум 30 минути ). Исцеди ја потоа киноата од водата, добро исплакни ја и стави ја во блендер измиената киноа со 125 мл вода (пресна вода, не онаа во која беше потопена киноата ) , и стави ги во блендерот кај киноата и останатите состојки за тестото. Загреј ја рерната на 220 степени, а тестото истури го на хартија за печење, и печи по 10-15 мин прво едната страна, па извади сврти ја од другата страна да се пече. Штом е готово тестото, стави доматен сос, и состојки за топингот и врати назад на печење. Доколку пак навистина си во брзање, можеш да си направиш и пица на тортиља, но нема да ги имаш истите вредности да знаеш.
ВЕЧЕРА: ЕНЕРГЕТСКА БОМБА
Состојки
- 3 лажици киноа можеш да ја свариш во ѓезве
- ¼ авокадо
- 2 лажици наут сварен, од конзерва или тегла
- Краставица
- Домат
- Јајце варено по желба
Инструкции
- Во еден длабок сад си ги редиш сите состојки, претходно сварената киноа, наутот па зеленчукот насецкан. Можеш да си направиш дресинг со една лажица маслиново масло, малку јаболков оцет и лажиче хумус или грчки јогурт, а одозгора можеш да си наросиш коријандер.