Материјал 1,
Тема 1
Во тек
ХРАНА
ПОЈАДОК: ТОПЛО КАФЕ СМУТИ
Состојки
- 2 коцки црно чоколадо
- 250 мл нискомасно млеко
- 1 мало рамно лажиче нескафе или еспресо шот по желба
- 3 големи лажици овес
- ½ ситно сечкана банана
- 8 лешници искршени
- 1 голема лажица чиа
- 1 мало лажиче мача прашок по желба
Инструкции
- На загреана рингла се истура млекото да се загрее, па се додаваат сите состојки наеднаш. Се меша додека не згусне и зоврие млекото. Не ја оставај ринглата на многу силно. На крај искрши и иситни ги лешниците и нароси ги врз топлото смути.
УЖИНКА: Две киви
РУЧЕК: ЕКСТРЕМНО БРЗ РУЧЕК
Состојки
- 200 гр спанаќ свеж или смрзнат
- 1-2 младо кромитче
- 1 чешне лук
- 2 јајца
- 30 гр фета сирење
- 1 парче коцка интегрален леб
- домат/краставица опционално или туршија
- 2-3 маслинки
Инструкции
- Спанаќот и кромидот насечкани запржи ги заедно со лукчето на 1 лажица маслиново масло во тавче, не им треба многу колку да омекнат. Направи дупка во зеленчукот и скрши ги двете јајца да се испржат на око, можеш да поклопиш со капак за да се издинста. Сервирај си со зеленчук по желба или туршија, на страна стај си ги лепчето и сиренцето и имаш ручек за 10 минутки
ВЕЧЕРА: ПЛЕСКАВИЧКИ ОД НАУТ И МОРКОВ
Состојки
- ½ кромид
- 1 морков рендан и исцеден од течност
- 150 гр наут од конзерва изгмечен со вилушка
- 1 мало лажиче чиа
- 3 мали лажички вода
- од зачини – кари ѓумбир, лук во прав
- 2 лажици овес
- свеж магдонос по желба
Инструкции
- Во едно филџанче измешај ја чиата со водата, и тргни ја на страна. Морковот изрендај го, кромидот може насецкан а и изрендан. Наутот изгмечен со виљушка, па почни да ги соединуваш состојките. Соедини ги кромидот, морковот и наутот, Додај го и овесот па чиа семето што ти е тргнато настрана со водата, нароси со зачини и измешај ја смесата убаво па покриена стави ја во фрижидерот да се стегне 30-тина минути. Потоа на тавче на 1 лажица маслиново масло пржи ги плескавичките, или пак можеш да ги печеш на хартија во рерна. Сервирај со грчки јогурт и копар.