Материјал 1,
Тема 1
Во тек
ХРАНА
ПОЈАДОК: ПЕНЕРЛИЈА НА НАШ НАЧИН
Состојки
- 2 црни коцка лепчиња
- 2 јајца помали или 1 големо
- 2 лажици урда или парче фета сирење
- Зачини по вкус наша препорака – оригано, шарена сол
- Чаша нискомаслен јогурт
Инструкции
- Измешај ги јајцето со урдата или сирењето и на хартија за печење стави ги врз двете лепчиња да се испечат во рерна. Можеш да комбинираш со чаша нискомаслен јогурт или грчки јогурт, или пак со домат и рукола. Доколку немаш време, можеш истите состојки да си ги направиш класичен омлет со урда.
УЖИНА: ГРЧКИ ЈОГУРТ СО ШУМСКО ОВОШЈЕ
Состојки
- 100 гр. Грчки јогурт
- 1 мало лажиче течен засладувач
- Една рака шумско овошје
Инструкции
- Измешај го засладувачот со грчкиот јогурт или само нароси одозгора. Брза, протеинска и освежителна ужинка.
РУЧЕК: КИНЕСКО ПИЛЕШКО
Состојки
- 150 гр. Пилешки гради / ВЕГЕ замена – 150 гр тофу или 70 гр сејтан
- 1 морков
- 1 пиперка
- Брокула полна шака
- За маринада : по 1 лажица соја сос оцет јаболков или балсамик и маслиново масло, 1 мало лажиче мед и малку ѓумбир , може рамно лажиче , измешај ги овие состојки и додај сусамче во смесата.
Инструкции
- Исецкај го пилешкото или тофу/сејтан на коцки , и стави ги во маринадата да отстојат. За тоа време, исецкај ги морковот и пиперката на ленти или сеедно, според тоа колку време имаш на располагање, брокулата искини ја на гранчиња и стави го зеленчукот во тава на малку маслиново масло да омекне. Штом почне да омекнува додај го и пилешкото/тофуто/сејтанот кое претходно убаво го измасира во маринадата, а најдобро би било да го покриеш со капак на тивка температура да се подинста , а така и нема да му избегаат многу од нутритивните вредности на твојот денешен кинески оброк. Комбинирај со зелена салата по желба (марула, зелка, ајсберг)
Notes
ВЕГЕ Калории: 534kcal | Масти: 16g | Протеини: 58g | Јаглехидрати: 39g
ВЕЧЕРА: ЧОРБА со карфиол и просо
Состојки
- 1 помал морков
- Карфиол 200-300 грама
- Сок од пола лимон
- Магданос
- 1 јајце
- Коцка супа растворена во 500 мл вода
- 3 лажици просо
- 2 лажици грчки јогурт
- Зачини по желба морско оревче по желба
Инструкции
- Во тенџере најпрво стави ја да зоврие коцката супа па додај го просото. Нека врие неколку минути па додај го и карфиолот претходно исецкан на парчиња. После 5 минути додај го и исецканиот морков и остави да врие на оган некои 10тина минути односно додека не омекнат и сварат просото, карфиолот и морковот. Тргни го тенџерето од оган, а на страна измати ги јајцето, лимоновиот сок, грчкиот јогурт и морското оревче па додај ги во супата и мешај континуирано додека не се соедини со супата. Додај сол и црн бибер на крај по желба, а и магдонос.