ВЕГЕ ТАКО

Состојки

  • 1 интегрална тортиља
  • Неколку цветчиња карфиол
  • 3 лажици црвен грав
  • ¼ авокадо
  • Зачини за карфиолот: маслиново масло, шарена сол, бибер, кари, куркума, корнфлекс и 1 јајце
  • За дресинг: лажица грчки јогурт, 1 лажиче сенф и сок од лимета, или лимон

Начин на припрема

Најпрво исцепкај го карфиолот на парчиња, измати го јајцето и во него додади ги зачините, па измешај го карфиолот со смесата па брцни го во корнфлекс и стави го да се пече на хартија за печење. Спој ги состојките за дресинг, изгмечи го авокадото и премачкај го на тортиљата, па наполни ја тортиљата со крцкав карфиол и сварен црвен грав, додај си салата по желба (може и во посебно садче салата поголема да си направиш), па прелиј го дресингот одозгора.

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.