Видови на постење и како тоа влијае на нашето тело

Постењето претставува режим кога ставаме временска рамка во денот во кој ни е дозволено да јадеме и пиеме. Надвор од таа временска рамка постиме и не внесуваме ништо во нашиот организам.

Најчеста метода на постење е 16/8, каде што 16 часа се пости додека пак за време на тие 8 часа се конзумираат оброци и пијалоци. Има исклучоци секако, за време на тие 16 часа можете да се напиете вода, обично црно кафе (без шеќер и додатоци) и пијалоци со нула калории.

Распоредот изгледа вака:

  • од 9 наутро до 17 часот попладне ги конзумираме нашите оброци
  • по 17 часот попладне до 9 часот наредното утро постиме ( вкупно 16 часа )

Како функционира сето ова?

Има два главни начини преку кои постењето дава резултати.

Првото е калориски дефицит ( внесуваш помалку калории од што трошиш низ денот).

Временската рамка, посебно таа од 9 – 17 часот, време за кое вообичаено сме на работа во поголемиот дел остава место за два оброци и ужинка. Помалку време за јадење = помалку калории внесени.

Второто е кетоза. Постењето доведува до кетоза, состојба во која телото снемува шеќер кој го согорува за енергија и наместо тоа почнува да согорува масти. На овој начин мастите на залиха во твоето тело ќе бидат користени за енергија.

Какви бенефити добиваме од постење?

  • намалување на килажа
  • намалена инфламација на организмот
  • подобар крвен притисок
  • подобрено ниво на холестерол
  • подобрено срцево здравје
  • подобар сон

За колку време се добиваат резултати од постење?

Точен одговор за ова прашање нема затоа што резултатите секогаш зависат од повеќе надворешни фактори: возраст, пол, здравствена состојба, колку храна се внесува на дневно ниво кога не се пости, ниво на активност, ниво на стрес. Траењето на постот исто игра голема улога. Различни резултати се јавуваат во различно време затоа што кога се работи за постење, секогаш има надворешен фактор.

Како мериме разултати?

Најдобро е секојдневно да користиме вага за нашите резултати. Така ќе знаеме дали одиме во права насока или треба да правиме промени во постот.

  1. Килограмите ќе варираат низ неделата. Се препорачува мерење во ист дел од денот на пр. секој ден пред да го прекинете постот и пред да внесете храна во телото. Вака ќе имаме поточни параметри.

2. Храната што ја внесуваме пред да се мериме влијае на резултатите. Доколку претходната вечер сме внеле алкохол или солена храна, наредниот ден ќе имаме поголема задршка на вода во организмот.

Кога ќе видиме резултати? И кои се причините што сеуште не сме ги постигнале?

На почетокот може да делува дека резултатите се минимални или скоро незабележливи, тоа може да значи дека нешто правиме погрешно.

Во тој случај го преиспитуваме следното:

  • дали јадеме премногу калории?
  • квалитетот на храната што ја внесуваме
  • не постиме доволно долго
  • распоредот на постење не ни одговара
  • не спиеме доволно
  • скокаме оброци
  • не пиеме доволно вода
  • премногу вежбаме
  • хроничен стрес
  • не внесуваме доволно протеин
  • внесуваме храна со високо ниво на вештачки додатоци и конзерванси
  • не сме постојани

4 совети за тоа како да добиеме подобри резултати од постење

1. Јадеме со цел

Постењето може да ни помогне да бидеме посвесни кога јадеме и да ги преиспитаме нашите навики за јадење.

На пример ако доручекот ни бил бурек и јогурт, или гранола и по него сме успиени од прејаденост или гладни од што не сме јаделе доволно.

Кога ќе имаме ограничен број оброци и ограничена временска рамка да ги внесеме ќе почнеме да правиме подобри избори за нашите оброци.

2. Трпение

Мора да имаме трпение за резултатите затоа што нема да дојдат брзо. Здравиот начин на исхрана е секогаш најдобриот избор за слабеење на здрав и одржлив начин.

Ако немаме трпение тешко ќе го изодиме постот до крај. Мора да се потсетуваме постојано зошто почнавме и колку ќе се радуваме на резултатите.

3. Зголемена физичка активност

Зголемена физичка активност ќе ни ги подобри резултатите од постот. Можеме да лесно да внесеме повеќе движење во нашето секојдневие:

  • да одиме пешки до продавница
  • да вежбаме јога додека гледаме серија
  • да одиме со велосипед на работа

Ништо од ова не е тешко и се е изводливо.

4. Водиме евиденција

Водењето евиденција за нашето постење ни помага да останеме истрајни на постот и да го планираме следниот чекот.

Некои цели кои треба да си ги поставиме за да бидеме поуспешни додека постиме:

  • 14 часа непрекинат пост
  • Х доза на протеини дневно ( внесот на протеини дневно варира од тежината )
  • 2 литра вода дневно

Кога ќе ги внесеме овие работи како дел од наша дневна рутина полесно ќе ни биде да водиме евиденција и да видиме напредок.

Мора да запамтиме дека сепак постот не е нешто со секој може да го издржи и на крај ако не можеме да се снајдеме со таква динамика барем ќе знаеме дека сме пробале.

Слични теми

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.