ЗЕЛЕНА ШАКШУКА

Состојки

  • 2 јајца
  • 1 интегрално лепче
  • 2 полни раце свеж спанаќ (може и смрзнат)
  • 1 чешне лукче
  • 30 гр фета
  • Зачини: сол, бибер, црвен пипер

Начин на припрема

Секогаш полесната опција е смрзнат спанаќ ,но многу подобро е доколку си земеш свеж. Стави едно тенџере со вода на оган да зоврие, па штом зоврие стави го измиениот спанаќ едно 30 секунди да омекне. Извади го и исцеди го , а во тавче на оган на 1 лажица маслиново масло стави да омекне чешнето лук па додај го спанаќот и зачините. Измешај, не му треба многу па направи две дупки каде што ќе ги ставиш јајцата да се пржат. Намали ја температурата и покриј со капак да се испржат јајцата одозгора а да не мора да користиш повеќе масло. Нароси си фета и сервирај си со едно парче лепче.

Слични теми

КРЕМАСТА ДОМАТНА ЧОРБА

Состојки: Начин на подготовка: Прв начин (печен зеленчук): Втор начин (сварен зеленчук): Прилагодување за мускулна маса: Најчесто поставувани прашања: Може ли да заменам или додам…

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.