САКАМ ДА ПОЧНАМ , САМО ГО ЧЕКАМ ВИСТИНСКОТО ВРЕМЕ

Многу од нас го чекаат вистинскиот момент за да почнат со исхрана, фитнес и здравје. Но ова размислување на СЕ ИЛИ НИШТО како на пример “Ако не го направам совршено тогаш воопшто не го ни правам” – ретко не носи до СЕ , а најчесто не носи до НИШТО

Го чекаш ли и ти вистинскиот тајминг за да почнеш да се храниш подобро, или да вежбаш, или конечно да влезеш во форма?

Го одложуваш ли патувањето од соништата, или нов проект, или таа вештина што сакаше да ја научиш?

Ако да, тогаш некоја од следните фрази може да ти звучи познато : 

Кога ќе најдам друга работа ..

Кога нема да сум толку зафатена …

Кога ќе си најдам погодна опрема …

Кога ќе си најдам партнер за вежбање…

Кога нема да се чувствувам чудно во теретана …

Кога ќе изгубам 20 килограми …

Кога ќе стекнам рутинаа/навика за вежбање….

Кога фрижидерот ќе ми биде полн со здрава храна …

Утре. Следната недела. Никогаш.

Ние ,луѓето, сме толку чудни , и секогаш чекаме на нешто за да преземеме друго нешто. Зошто?

За многумина, тоа е само едно големо одвлекување и оправдување. И ни помага да ја избегнеме вистинската – и ризична – работа. 

За други, перфекционизмот и избегнувањето служат како силен оклоп против потенцијален срам, критика и неуспех.

МОЖЕВ ДА ____ AMA …“  не штити од болка.

За жал , истото тоа не спречува да растеме, да напредуваме и да бидеме такви какви што знаеме дека имаме потенцијал да бидеме.

Токму затоа и размислувањето СЕ ИЛИ НИШТО ретко не носи кон СЕ.

Најчесто не носи кон НИШТО.

НЕ ПОСТОИ СОВРШЕНO ВРЕМЕ. НИКОГАШ НЕМА НИ ДА ПОСТОИ

О да, секако дека можно е да имаш некој магичен момент во твојата фитнес авантура/ патување каде универзумот се спојува ….а ти ја носиш твојата омилена маичка… плус твоите екстра удобни патики … и песната што ја сакаш оди во позадина …телото ти е еуфорично и пука со енергија …и твојата омилена справа е слободна ( всушност теретаната е празна денес, јеее ) …и така “пукаш” серија од 10 повторувања како анѓелите да ја креваат шипката место тебе.

Но, тој магичен момент ќе биде еден во билион други не-магични моменти што го сочинуваат реалниот живот.

Навистина, ако зборуваме за момент, да речеме од прилика , што трае десетина секунди, тоа значи дека имаш измеѓу 2398377600 до 2556165600 потенцијални моменти во твојот живот.

Што значи дека еден единствен совршен магичен миг е всушност многу мал дел од целината.

Да, прослави го тој миг кога ќе дојде. Ама и не го чекај . А и никој нема да ти ги направи тие мигови, мораш сама да си ги направиш и дадеш.  Лови ги, прогонувај ги. Направи да се случат.

Извади ги од некои други времиња. Отсечи/извади мали делчиња од оној долг ден, тежок и огромен како некоја карпа . Употреби ги и забите ако треба – одгризи полни залци од тие моменти.

Ти го имаш потребниот алат, биди рудар на сопствените мигови.  Ова секако дека не фрустрира.

Ние мислиме дека не треба да биде така. Некои други едноставно си ги добиваат своите мигови, како сами да им одат. Секој друг има доволно време. Доволно пари. Доволно мотивација.Доволно информации. 

Но вака е за секого. Така е со миговите, кај сите. Миговите се отпорни на очекувања како што водата е отпорна на нафта.

Сепак, постои совршен миг. Всушност, секогаш постои совршен миг.

Тој совршен миг е сега.

Тука. Денеска. Тој живот што го вдишуваш, тој воздух што го земаш токму во оваа секунда. 

Затоа што токму тоа е се што отсекогаш имаме : СЕГА , токму овој момент сега.

САМО ПОЧНИ, ОД ПОЧЕТОК

Еве уште една тајна. Не треба да работиш за да стигнеш до следниот момент. 

Се што треба да направиш е да почнеш. И тогаш миговите ќе продолжат да се случуваат , да се нижат еден по друг. Еден миг ќе застане до друг , и ќе стигнеш до твојата цел уште пред да бидеш свесна.

“Ама не можам ” велиш ”Види , Не можам да почнам, тоа е проблемот ”!

Не, не е тоа. Ако не можеш да почнеш, тоа е затоа што скокаш премногу напред. Не почнуваш од почетокот. Се обидуваш да почнеш некаде од некоја замислена средина.

На пример, да речеме дека бираш да почнеш да читаш за исхрана. Тоа може да биде добар почеток, но само ако те мотивира да продолжиш кон следниот момент.

Но не е добар почеток ако те држи заглавена во твојата удобна столица, кликајќи по блогови,и разно разни сајтови и планови и сведоштва се додека не е време за спиење а ни до тогаш не си донела ниту една единствена одлука во врска со исхраната.

Така можеби читањето и не е баш најдобриот почеток за тебе. Треба да биде нешто друго, на пример да се прошеташ до фрижидерот и да си избереш некое сјајно свежо јаболко и да го изедеш.

Или да си направиш шопинг листа и да ја ставиш до клучевите од кола.

Или да го разгледаш менито од ресторанот кој планираш да го посетиш и да си избереш однапред некоја салата како опција.

Да почнеш значи да иницираш акција. Да почнеш значи да се посветиш и да можеш да одлучиш меѓу еден и друг вид. Само така ќе знаеш дека навистина си почнала.

Да почнеш значи да пуштиш жетон во флиперот без да стоиш и да разгледуваш во која машина ќе ја пуштиш.

Да почнеш значи да ја ставиш едната нога пред другата, а не само да стоиш и да дебатираш по кој пат да тргнеш, или да се прашуваш дали требаше да облечеш други патики.

За некои луѓе, почетокот треба да биде некоја уште помала акција. Започнувањето може да биде дури и само кревање на стапалото. Или префрлање на тежината на една нога.

При ставањето едно стапало пред друго може да има потреба и од помош, што исто така е океј.
Се додека нешто се случува, се движи , тоа е почеток.

НАПРЕДУВАЈ. ПРКОСИ МУ НА ОТПОРОТ

Многу луѓе кои штотуку почнуваат ,претпоставуваат дека поради тоа што чувствуваат отпор, не успеале. 

Тоа е затоа што брокулата имала горчлив вкус кога прв пат ја пробале, и затоа што случајно ја превариле , едноставно не можат да јадат зеленчук.

Дека поради тоа што го заборавиле испечатениот список со вежби на масата во кујната, нема да можат да извежбаат штом стигнат во теретаната.

Дека поради тоа што нозете им се воспалени од искачувањето, не се спремни да го искачат тој рид.

Не. Едноставно само така се чувствуваме понекогаш.

Започнувањето/почетокот честопати ќе личи на отпор,барем на прв поглед. Но дај си време.Одолеј на нагонот да притиснеш пауза. Напредувај, оди напред. Нештата ќе се сменат, евентуално.

Запомни, не мораш да се спротивставуваш на отпорот за време на целото патување.

Само треба да го истуркаш и издржиш во првите неколку моменти.

НАЈДИ СИ ПОДДРШКА, БАРЕМ ЗАСЕГА

За да може една ракета да ја напушти Земјата, мора силно да испука против гравитацијата. Значи и треба поттик. За еден товарен воз да почне да се движи. Можно е да му треба дополнителен мотор.

Можеме да почнеме – и да продолжиме да движиме и самите . Но секако дека е од огромна помош кога некој ти дава поддршка или не влече.

Некој кој може да не потсети на нашето совршенство кога сакаме да се откажеме, за време на нашите ,се додека информативно и неодлучно крстариме наваму натаму.

Некој кој може да не извлече од нашиот СЕ ИЛИ НИШТО транс со нежен потсетник.

Привремено, дури може и да се прицврстиме/прикачиме за овој Некој или нешто друго, како на пример да го прикачиме тој дополнителен мотор напред. Како што одиме напред, може да ги откачуваме оние непотребни вагони кои сфаќаме дека само не влечат надолу.Растеме полесни, послаби и поподвижни.

Евентуално па и повеќе да не ни треба тој дополнителен мотор повеќе. Нашиот воз сега и сам си врви добро.Сценографијата се замаглува покрај прозорците и се упатуваме кон голема авантура.

Но на почетокот, моравме да почнеме.

ШТО ДА ПРАВИШ СЛЕДНО

Ако сеуште го чекаш совршениот тајминг, обиди се со следните неколку совети за да не се чувствуваш веќе заглавено и почни да преземаш акција.

РАЗГЛЕДАЈ ГИ ПОВТОРНО ТВОИТЕ ОЧЕКУВАЊА

Помири се дека нема совршен тајминг и дека никогаш нема ни да има. Постои само СЕГА.

ОДВОЈ СИ ВРЕМЕ, МАКАР БИЛО И НЕСОВРШЕНО

Никој нема да ти го даде тоа време. Ти треба сама да си го земеш. Дозволи си да се поставиш себе, своето здравје и своите фитнес цели за ПРИОРИТЕТ. Направи место во твојот распоред за времето што ти е потребно. Немаш време за едночасовен тренинг ? Нема проблем. Колку време имаш ? 20 минути ? 10 минути ? Сработи колку што имаш.

Не очекувај нештата да течат глатко и мазно. Наместо тоа, предвиди/претпостави и направи стратегија . Запрашај се : што може да се случи и да ми застане на патот кон тоа што сакам да постигнам ? Што можам да направам денеска за да си помогнам за кога ќе излезат овие пречки ? Наместо да чекаш нештата да успорат, почни со делување сега , на сред хаос.

САМО ПОЧНИ

Ако се чувствуваш заглавено, само направи / преземи нешто. Било што. Најмалото можно нешто што можеш да го направиш токму сега, во следните 5 минути. Е сега започна ! in PN Coaching , се концентрираме на пронаоѓање акции од 5 минути. Наместо да ја смислиш најголемата, најграндиозна шема , помисли само што можеш да сториш за 5 минути за да си помогнеш да продолжиш да движиш, дури и само малку, кон остварување на твоите цели.Па направи го тоа. И запомни, акцијата е глас во полза на поинаков,поздрав, подобар живот. Гласај рано, гласај често.

ОЧЕКУВАЈ ОТПОР

Нормално е . Но оди, бори се труди се , напредувај. Отпорот не значи дека нема да успееш. Само значи дека си почнала. Само треба да го издржиш овој момент. Овој момент на започнување ќе биде најтежок, но за среќа нема да трае долго.

НАЈДИ СИ ПОДДРШКА

Сега не е време да глумиш осамен херој, остави го тоа. Наместо тоа, почни да си градиш систем на поддршка. Без разлика дали станува збор за пријател или член на семејството, другар за вежбање или тренер, најди некој што ќе ги пали твоите ракети се додека не можеш сама да леташ.

Слични теми

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.