Сега го зголемуваме опсегот на движење и ја подобруваме флексибилноста преку контролирани мобилност техники. Ќе го подобриш движењето под контрола и ќе развиеш подобра врска меѓу сила и подвижност. Ова ниво ќе ти донесе подобра постура и подвижност во секојдневието
Ова ниво комбинира активна мобилност, флексибилност и стабилност на високо ниво. Ќе научиш да се движиш флуидно и моќно, со целосна контрола на телото. FLOW Advanced ја ослободува максималната функционалност на телото и создава вистинска физичка слобода.
Овој тест ќе ја процени твојата подвижност, флексибилност и опсег на движење пред да започнеш со тренинзите. Резултатите ќе ни покажат кои делови од телото ти се најограничени и каде треба да работиш најмногу. Овој чекор е клучен за да го добиеш максимумот од FLOW елементот.
Финалниот ROOTS тест ќе покаже што си изградила – сила, стабилност и контрола во долниот дел од телото. Овој тест ја мери твојата целокупна подготвеност и функционални перформанси. Резултатот ќе докаже дека си подготвена за следниот елемент – WINGS.
Тестот ќе го провери твојот напредок од ова ниво. Тука мериме контрола, издржливост, правилна техника и база на сила на долниот дел од телото. Резултатите ќе покажат дали си подготвена да преминеш во Intermediate категоријата.
Влегуваме во сериозен атлетски тренинг. Ова ниво комбинира експлозивност, агилност и издржливост. Ќе ја зголемиш брзината на изведба, контролата при промена на насоки и работниот капацитет под интензитет.
Тука ќе градиш доминација во динамиката и кондицијата. Интензитетот е поголем, движењата се побрзи, а сериите подолги. Ова ниво ќе те научи да управуваш со дишењето и силата дури и при високи интервални напори.
Врвната фаза на FLAME – максимална динамика, енергија и ментална издржливост. Овој тренинг бара стабилност под замор, експлозивни движења и дисциплинирана техника. Ова ниво те подготвува за највисоки перформанси.
Финалниот FLAME тест ќе провери колку брзо, силно и контролирано можеш да се движиш под притисок. Тука ги мериме твоите атлетски способности и вкупна издржливост. Овој тест го заокружува твојот динамички развој и отвора пат кон STONE.
Сега ја надградуваме твојата динамика и издржливост со посложени движења и повисоко темпо. Ќе научиш да комбинираш контрола и експлозивност, без да ја губиш стабилноста на телото. Фокусот е на квалитетен ритам и ефикасно движење.
