Овој тренинг вклучува цело тело, но со силен акцент на долниот дел – нозе и задник. Ќе развиваш сила, стабилност и контрола преку базични компаунд движења. Активираш големи мускулни групи и го забрзуваш метаболизмот, поставувајќи темел за градење мускулна маса.
Фокусот на овој тренинг е максимална активација и градење сила во долниот дел од телото. Ќе го зацврстиш задникот, квадрицепсите и задната ложа преку прогресивно оптоварување. Овој тренинг ќе ти помогне да создадеш стабилни и силни нозе, додека ја зголемуваш и силовата издржливост.
Тука работиме на развој на силата во горниот дел: грб, гради, рамена и раце. Ќе користиме комбинација од туркачки и влечечки движења за да постигнеме балансиран развој на мускулатурата. Овој тренинг ја подобрува постурата, силата и горната атлетска структура.
Овој тренинг комбинира цело тело со дополнителен фокус на стомакот(core). Целта е да ги поврземе сите мускулни групи и да изградиме функционална сила и стабилност. Ќе работиш на сила, контрола на движењето и подобра координација, додека стомакот останува активен во секоја вежба.
Почнуваме со ниска интензивност и фокус на правилно движење. Ќе ги активираш клучните зглобови и ќе работиш на подобрување на мобилноста во колковите, рамениците и `рбетот. Овој тренинг ќе ти помогне да ги ослободиш напнатите мускули и да внесеш леснотија во движењето.
