Wings Beginner TEST

Време е да ја измериш твојата основна сила и контрола на горниот дел од телото. Тестот ќе провери стабилност, издржливост и техника во клучните движења на WINGS. Овој резултат одредува дали си подготвена за Intermediate фазата.

Roots Advance Lv1

Добредојде во фазата каде силата и контролата се на високо ниво. Во ова ниво ќе комбинираш поголем интензитет со прецизна техника и стабилност. Целта е да градиш продуктивна сила и функционална моќ без да ја жртвуваш формата.

Roots Advance Lv2

Сега влегуваме во подлабока работа на механиката на движењето и максимална активација на мускулите. Ќе се соочиш со комплексни варијации и зголемено оптоварување. Ова ниво е тест на твојата сила, подвижност и контрола под притисок.

Roots Advanced Lv3

Ова е врвот на ROOTS серијата – тука од тебе се бара максимална сила, стабилност и ментална издржливост. Ќе работиш со предизвикувачки сери, тешки повторувања и совршено изведена техника. Ова ниво создава тело со реална функционална моќ.

Advanced TEST

Финалниот ROOTS тест ќе покаже што си изградила – сила, стабилност и контрола во долниот дел од телото. Овој тест ја мери твојата целокупна подготвеност и функционални перформанси. Резултатот ќе докаже дека си подготвена за следниот елемент – WINGS.

Roots Beginner Lv1

Ова е твојот старт. Фокусот е на правилна техника и контрола на движењето. Ќе ги активираш клучните мускули на долниот дел и ќе научиш стабилност во колковите и колената. Целта е чиста изведба без брзање и подготовка за поголем напредок.

– Beginner Lv2 –

Сега го зголемуваме предизвикот со поголем обем и контрола. Ќе работиш на подобра координација, сила и издржливост. Акцентот е на правилен обем на движење и стабилен ритам. Ова ниво ја гради довербата во твоето тело.

Roots Beginner Lv3

Веќе имаш основа – време е да ја зацврстиме. Овде внесуваме повисок интензитет, подолги серии и поконцентрирана работа на техниката. Фокусот е да ја почувствуваш силата и стабилноста во секое повторување. Ова е последниот чекор пред тестирањето.

Roots Intermediate Lv1

Добрата основа од Beginner фазата сега ја надградуваме со повисок интензитет и поголема контрола. Во ова ниво ќе работиш на унапредување на силата и стабилноста преку посложени варијации на движења. Фокусот е правилна активација на мускулите и стабилна техника под оптоварување.

Roots Intermediate Lv2

Твојот моторичен развој продолжува со зголемување на предизвикот. Овде се воведува поголем обем на работа, подобро темпо и долгорочна контрола. Целта е подобрување на сила во целосен опсег на движење и зголемување на издржливоста на долниот дел од телото.

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.