Назад кон Програма

🎃 Здрава Исхрана со Тиква

0% Поминато
0/0 Steps
Материјал 31 од 32
Во тек

Чизкејк од Тиква

ноември 6, 2024

Состојки:
ОСНОВА:
– 240 гр урми (претходно накиснати во вода, или од претходна вечер или пола час во топла вода)
– 60 гр бадеми
– 30 гр овес
– 20 гр какао
Прво ги блендирате бадемите да станат како брашно па ги додавате останатите состојки. Кората ја натапкувате во какво тавче сакате, иако мене повеќе ми одговара да е правоаголно и да си сечам коцки наместо класичната форма на чизкејк. Ставете го тавчето во фрижидер да се стврдне додека го приготвувате филот.
ФИЛ:
• 250-300 гр печена тиква ( од прилика пола килограм жива тиква да се испече )
• 1 протеински пудинг од ванила
• 2 лажици мед
• 2 лажици стопено кокосово масло
• Малку екстракт од ванила

Подготовка:
Оваа смеса можеш да ја соединиш било во блендер било со миксер, како ти е полесно. Јас прво со миксер ги соединив тиквата и протеинскиот пудинг па ги додадов останатите состојки. Продолжуваш со миксерот уште малку колку да стане хомогена смеса. Го истураш филот врз кората, а врз него можеш да наросиш оревчиња или бадеми по желба. Во секоја група на ФБ се наоѓа по некоја девојка која ќе побара здрав рецепт за роденденска торта. Чизкејкот од тиква е твојата идеална и највкусна опција за оваа сезона!

Калории: 1.834 kcal | Протеини: 33 g | Јаглехидрати: 281 g | Масти: 64 g

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.