BUILD – FIT TEAM GYM
ВОВЕД – BUILD SEASON
Build Season е сезона на прогресија, сила и дисциплина. Овие 12 недели не се обични тренинзи во теретана – ова е план кој систематски ќе те направи посилна, поконтролирана и поиздржлива. Ќе научиш што значи вистински тренинг, а не само „теретана за слика“.
Програмата е поделена во 4 фази за максимални резултати:
Фаза 1 (недели 1–4): Техника и контрола
Го поставуваме темелот. Се учи стабилна форма, правилно дишење и контролиран опсег на движење. Работиме со работни тежини – доволно предизвикувачки, но без губење на форма.
Фаза 2 (недели 5–8): Прогресивно оптоварување
Почнуваме да растеме. Зголемување на тежини, повторувања и време под напон. Вежбите добиваат варијации за подобра активација на мускулни групи и поголем напредок.
Фаза 3 (недела 9): Сила & супер серии
Овде влегуваме во висока игра. Поголеми тежини, минимални паузи и комбинации од супер серии – целта е да го поттикнеме мускулниот раст и метаболичкиот ефект.
Фаза 4 (недела 10–12): Рестарт и адаптација
Ова не е пауза – ова е фаза на заклучување на резултатите. Контролирано намалување на оптоварување за подобрување на опоравувањето, техника и подготвување за следната FORCE сезона.
🎯 Цел на FIT Team GYM
- Топење масти + зголемување сила и мускулен тонус
- Подобрување на пропорциите на телото
- Развивање на вистински атлетски изглед
- Подигање самодоверба преку сила, не преку вага
⚙️ Како да работиш во оваа сезона
- Тежините се зголемуваат само ако формата е чиста
- Запиши ги работните тежини – напредокот се следи, не се погодува
- Мускулот расте на контрола, не на брзина
- Пауза меѓу серии = стратегија, не одмор
- Не се споредувај – се надградуваш себе, не другите
✅ Препораки според ниво
За почетници: започни со стабилни тежини, фокус на техника и контрола на движење
За напредни: прогресија недела по недела, контролирана експлозивност, паметен избор на тежина
Неделен распоред на тренинзи (Фаза 1 – Build Season)
Понеделник: Full Body Strength
Вторник: Lower Body Strength
Среда (опционално): Mobility & Flexibility
Четврток: Upper Body Strength
Петок: Full Body + Core
Сабота (опционално): Yoga Flow
Недела (опционално): Пешачење или целосен одмор
