Услови за користење

Добредојдовте во Peach Army.

Платформата Peach Army Ви овозможува пристап и користење преку веб страната www.peacharmy.mk и мобилните апликации iOS и Android.

Со регистрацијата за бесплатните и премиум програмите Вие се согласувате со условите за користење.

Со цел подобра информираност и транспарентност, Ви препорачуваме да ги прочитате внимателно.

Доколку при читањето произлезат одредени прашања, можете да не контактирате преку help@peacharmy.mk.

ПРИФАЌАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ
Со користењето на мобилната апликација, Корисникот ги прифаќа Условите за користење.

ЗА АПЛИКАЦИЈАТА
Peach Army Android/iOS апликацијата е создадена за следење на Peach Army програмите преку мобилен уред. Преку апликациите не се изведување купување на програмите туку само нивно следење.

Купувањето се изведува преку веб страната www.peacharmy.mk. При купувањето, се создава личен профил на купувачот. Со регистрацијата на личен профил, корисникот добива кориснички профил и лозинка со којашто ќе може да се најави на мобилната апликација.

КОРИСНИЧКИ ПРОФИЛ
Корисникот може да регистрира и одржува само еден профил за лична употреба. Корисникот е должен да ги обновува податоците во неговиот профил. Корисникот е согласен дека Peach Army нема никаква одговорност за било каков инцидент кој може да произлезе или е поврзан со корисничкиот профил. Единствено Корисникот е одговорен за одржување на безбедноста на својот профил.

Корисничкиот профил не е пренослив и не смее да се сподели или продаде на друго лице. Било кое непочитување на овие Услови на користење може да доведе до исклучување на профилот без претходно известување до корисникот. Исклучен или отстранет профил ги губи уплатените претплати. Корисникот го креира своето корисничко име и лозинка и исклучиво корисникот е одговорен за нивно доверливо чување и безбедност.

КОРИСТЕЊЕ НА АПЛИКАЦИЈАТА
Како предуслов за користење на апликацијата, Корисникот се согласува дека:

  • Има најмалку 18 години;
  • Користењето на апликацијата во секое време ќе биде во согласност со овие Услови;
  • Купувањето на програми е наменето само за лична употреба на корисникот.
  • Peach Army може да ја користи е-маил адресата на Корисникот за испраќање на промотивни
    понуди исклучиво во контекст на услугите достапни на Peach Army.

УСЛОВИ ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ
Регистрацијата на Peach Army платформата може да се изврши преку дедицирани веб страници за бесплатни или премиум програми на Peach Army.

Можноста за регистрирање преку мобилните апликации е затворена.

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Полисата за заштита на личните податоци е објавена овде: https://peacharmy.mk/privacy/

АВТОРСКИ ПРАВА И ТРГОВСКА МАРКА
Апликацијата содржи заштитен материјал, авторски права, трговска марка, вклучувајќи ги, но не
ограничувајќи се на текст, софтвер, слики, видео и графика. Се што се наоѓа на апликацијата е во
ексклузивна сопственост на Peach Army LLC. Peach Army LLC има авторско
право над селекцијата, одбирање, координацијата или модификација на содржината, како и врз
содржината која оригинално ја поседува апликацијата. Peach ARmy LLC има
авторско право над фотографиите кои се во нејзина сопственост, како што се фотографиите кои се фотографираат за целите на понудите.

Секое копирање, дистрибуирање, пренесување, модифицирање, учествување во продажба,
поставување на линкови или на било кој начин користење на содржината од апликацијата,
делумно или целосно без изречна писмена согласност од Peach Army LLC е строго
забрането.

Секое прекршување на оваа политика може да резултира со прекршоци на авторските права,
трговската марка или друга интелектуална сопственост и може да го доведе крајниот корисник
до водење на граѓански и/или кривични постапки.
Peach Army логото е заштитена трговска марка на Peach Army LLC. Сите права во однос
на оваа марка се задржани.

ОТКАЖУВАЊЕ ОД КОРИСТЊЕТО НА АПЛИКАЦИЈАТА
Секој корисник го има правото да се откаже од користењето на апликацијата и програмите во неа. Во случај на откажување од програмите, секој корисник е поканет да ги сподели своите планови на help@peacharmy.mk

РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ И НАДЛЕЖНОСТ
Сите спорови кои можат да произлезат исклучиво во врска со употребата на апликацијата страните ќе се обидат да ги решат спогодбено или по пат на медијација. Во случај споровите да не можат да се решат спогодбено, надлежен суд ќе биде судот во државата Wayoming.

За се што не е уредено со овие Услови на користење се применуваат важечките законски прописи во државата Wayoming.