ВОВЕД ЗА BUILD SEASON

Build Season е период на вистинска трансформација – не визуелно, туку функционално. Ова не е обичен програм, туку систем кој во следните 12 недели ќе те научи да тренираш паметно, со цел и со стратегија. Работиме на топење масти и зголемување на мускулна маса, резултатите зависат од тебе дали ќе бидат „просечни“ – ќе бидат одлични!

Оваа сезона е поделена во 4 фази:

Фаза 1 (недели 1–4): поставување основа
Фокус на правилна техника, стабилизација и контрола на тежини/еластични ленти. Тука го бараме твоето „работно оптоварување“ – тежини кои можеш да ги контролираш со чиста форма.

Фаза 2 (недели 5–8): прогресија
Зголемување на интензитет – повеќе повторувања, побавни негативи, контролирано темпо и продолжено време под напон. Целта: видлива разлика во форма и издржливост.

Фаза 3 (недела 9): максимална сила
Воведуваме потешки варијации на вежби и супер серии. Оваа фаза е дизајнирана да го поттикне мускулниот раст и да ја разбуди силата што досега не си ја користела.

Фаза 4 (недела 10–12): рестарт и адаптација
Контролирано оптоварување + паметно опоравување. Телото расте кога знаеш кога да го притиснеш – и кога да му дадеш простор за напредок.

📌 FIT Фокус за најдобри резултати


Работи со контролирана техника, не брзај
Прогресирај недела по недела (тежина/повторувања/исход)
Пиши ги тежините и повторувањата – следи прогрес
Тренирај паметно, не до отказ секој тренинг
Дисциплина треба да биде поголема од мотивација ако сакаш резултат

👇 Препораки според ниво


За почетници: задржи добра форма, бирај умерени тежини и учи стабилност

За напредни: користи прогресивен пристап и контролирај ја тежината – не дозволувај импулсивни повторувања

Неделен распоред на тренинзи (Фаза 1 – Build Season)

Понеделник: Full Body Strength
Вторник: Lower Body Strength
Среда (Опционално): Mobility & Flexibility
Четврток: Upper Body Strength
Петок: Full Body + Core
Сабота (опционално): Yoga Flow
Недела (опционално): Пешачење или целосен одмор

Слични теми

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.