FIT BRIDE CHALLENGE

од Ана Стојанова

Биди FIT BRIDE и освој НЕВЕСТИНСКИ ФУСТАН 

За 1.290 денари можеш да го купиш FitBRIDE👰🏼 – најновиот предизвик од Peach Army.

Сѐ што те чека во овој предизвик:

    Што добиваш во FitBRIDE👰🏼

    ЕФЕКТИВНИ И ЗАБАВНИ ТРЕНИНЗИ ЗА ДОМА

    За овој предизвик ви спремив најнапредни тренинзи со три пати повеќе разновидност на вежби во еден тренинг.

    Со ова добиваш висок интензитет на вежби за максимално трошење калории и најдобар резултат.

    Распоредот на вежбите се менува: секој дел од телото проминува низ тренинг во различен дел од неделата за да се минимизира ризикот од повреди.

    ГЛАВНА НАГРАДА:
    НЕВЕСТИНСКИ ФУСТАН (од 1500 евра)

    Главната наградна игра е невестински фустан од Queen Haute Couture.

    Среќната добитничка ќе има можност сама да го одбере фустанот за најважниот дел од нејзиниот живот или со вештите раце на Queen Haute Couture да и помогнат да го сошие.

    ПЛАН НА ИСХРАНА СО ВРТОГЛАВО ВКУСНИ И БРЗИ РЕЦЕПТИ ЗА 6 НЕДЕЛИ

    Веќе знаеш колку е важна храната. Затоа, откако се приклучиш на овој предизвик ќе добиеш пристап до МЕНИ СО НОВИ рецепти. “Слабееме најадени“ е фразата што ја измислија девојките што досега биле на моите програми. Сега ќе видиш зошто 🙂

    Како дел од предизвикот ќе имаш и ШОПИНГ ЛИСТА  со сите намирници – за да можеш полесно да пазаруваш.

    БЕСПЛАТНО: WEDDING PLAN БОНУСИ

    Покрај основното мени, како бонус во предизвикот сум ви подготвила и БОНУС FITBRIDE DETOX но тоа е само почетокот.

    Очекувај уште 5 бонуси во форма на PDF книга каде што ќе имаме теми како:

    • тренинг за “девојачко”
    • невестински дневник
    • планер со совети за свадба
    • како да го избереш правилниот накит за твојата свадба
    • 4 совети од стилист

    БЕСПЛАТНА МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА

    За искуството и сево ова што досега споделивме да биде уште подостапно за тебе, со членството во Peach Army ќе ја добиеш и можноста за користење на бесплатна iOS и Android апликација.

    ГРУПА ЗА ПОДРШКА И НАЈГОЛЕМА МОТИВАЦИЈА

    Ако се прашуваш зошто меѓу себе се викаме АРМИЈА, тогаш сигурно не си била дел од нашата група.

    Во апликацијата имаме група за предизвикот FITBRIDE, каде што сите членки ќе бидат на едно место.

    Има некоја магија таму што не држи така мотивирани. Наше гнездо кое е 24/7 достапно за тебе и верувај нема да те оставиме така лесно да се откажеш или да прескокнеш ден за вежбање.

    Како функционира користењето на предизвикот

    Регистрација и уплата

    Регистрацијата се прави преку оваа страница со клик на едно од копчињата најгоре. Уплатата се изведува со дебитна или кредитна картичка со којашто може да се плаќа онлајн. При уплатата, внеси ја твојата емаил адреса правилно и без грешки. Не брзај.

    Личен Профил со сите материјали на едно место

    Штом ја направиш уплатата, системот ќе ти создаде личен профил (доколку веќе немаш) и веднаш ќе те внесе во воведниот дел на програмата. Сите материјали од програмата ќе ти бидат во овој профил. Ништо нема да ти биде праќано на емаил. Сè ќе ти биде во твојот профил.

    Пристап 24/7 со апликацијата(преку мобилен, таблет и компјутер)

    Профилот и програмата ти се достапни нон-стоп. За да им пристапиш, треба да ја отвориш апликацијата или веб страната  https://peacharmy.mk/ и да кликнеш на “Најави се“ горе, десно во менито. 

    Кој тим си ти?

    Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.