InstaFIT Home

2 х 1200 ден. 2 х 890 ден.

Сакаш да се победиш себеси, да го симнеш вишокот килограми и да се вратиш во форма? Оваа програма е за тебе!

InstaFIT програмата веќе прерасна во “систем“ којшто содржи се што ти треба за да си инспирирана, мотивирана, поддржана и инструктирана да ги намалиш вишкот килограми и да направиш позитивна трансформација кај себе. Во неа добиваш:

  • Тренинг програма со кратки ВИДЕО вежби за дома;
  • Тренинзите се направени за почетници и за напредни;
  • Економично мени со вкусни рецепти, шопинг листа и бонуси;
  • Пристап до затворена ФБ група;
  • Награда за најдобрата трансформација: Платено патување во Занзибар

РЕГИСТРАЦИИТЕ СЕ ЗАТВОРЕНИ! Внеси ја твојата емаил адреса и резервирај си место за следното отварање 

    Александра Дејанова

    24 години. -60 килограми

    Габи и Бети

    47 и 50 години. -25 и -15 килограми

    Емилија Угреновиќ

    26 години. -20 килограми

    Што добиваш во програмата за дома

    Кратки и ефективни ВИДЕО вежби за дома

    Кога ги планирав и тестирав тренинзите за оваа програма, целта ми беше да го синтетизирам целото искуство од изминативе 5 години и да креирам тренинг искуство што ќе те “зарази“ да бидеш активна. Секое тренинг видео содржи загревање, главен тренинг и истегнување. Вежбаш кога сакаш, каде сакаш. Видеата ти се во твојот профил достапни 24/7 и поделени во денови. Кликаш PLAY и вежбаш.

    МЕНИ СО Неодоливо вкусни и брзи рецепти

    Никогаш нема да ни здосади да викаме СЛАБЕЕМЕ НАЈАДЕНИ ❤️. Ако по нешто сум препознатлива тоа се брзите и вкусни рецепти. Затоа и овојпат имаме КОМПЛЕТНО НОВО МЕНИ со најдобрите, наједноставните за подготовка и највкусните рецепти со лесно достапни продукти прилагодени на сезоната која следи, а и нашиот стандард. Немам трпение да ги видиш и бонус рецептите за САМА да си направиш растителни млека, намази, леб...

    Facebook група за мотивација и заедница

    Овој елемент во програмата е ЛЕКОТ за преминување од “Немам мотивација“ до “пали патиките и вежбај“. За ова заслугата ќе ја има АРМИЈАТА собрана на едно место. Особено ќе ти се допадне моментот дека и ТИ ќе битеш инспирација и мотивација за другите девојки. Магија. Оваа група е наше наше гнездо кое е 24/7 достапно за тебе и верувај нема да те оставиме така лесно да се откажеш!

    ГЛАВНА НАГРАДА: Платено патување во ZANZIBAR

    Најдобрата трансформација од InstaFIT програмата ќе патува на Занзибар со останатите девојки од армијата што оваа година се покажале како вистински војници. Трошоците за патувањето ќе бидат покриени од Peach Army. Наше ќе биде само да се забавуваме и да создаваме спомени. Повеќе информации за ова ќе најдеш во програмата. 

    Како функционира користењето на програмата

    • Регистрација и уплата
      Регистрацијата се прави преку оваа страница со клик на едно од копчињата најгоре. Уплатата се изведува со дебитна или кредитна картичка со којашто може да се плаќа онлајн. При уплатата, внеси ја твојата емаил адреса правилно и без грешки. Не брзај.
    • Личен Профил со сите материјали на едно место
      Штом ја направиш уплатата, системот ќе ти создаде личен профил (доколку веќе немаш) и веднаш ќе те внесе во воведниот дел на програмата. Сите материјали од програмата ќе ти бидат во овој профил. Ништо нема да ти биде праќано на емаил. Сè ќе ти биде во твојот профил.
    • Пристап 24/7(преку мобилен, таблет и компјутер)
      Профилот и програмата ти се достапни нон-стоп. За да им пристапиш, треба да ја посетиш веб страната https://anastojanova.com и да кликнеш на “Најави се“ горе, десно во менито.

    Прашања и одговори

    Во продолжение можеш да ги погледнеш одговорите на најчесто поставуваните прашања. Кликни на прашањето за да го видиш одговорот.

    1. ЗА КАДЕ И ЗА КОГО Е ОВАА ПРОГРАМА?

    Оваа програма, директно кажано е за девојки што сакаат да симнат вишок килограми без да гладуваат и да го сменат начинот на живот. Доколку се гледаш во огледало и си велиш мора да се направи нешто, добредојде во Армијата.

    Вежбите за оваа програма се направени за тренинг во домашни услови.

    2. ПО ШТО СЕ РАЗЛИКУВААТ НОВИТЕ ПРОГРАМИ ОД СТАРИТЕ?!

    Овојпат тренинзите во тренинзите ќе забележиш дека има додадено заменски вежби на местата каде што сметав дека треба да има различно ниво за почетници и за напредни. 

    Дополнително, видеата се направени на начин да содржат дел за загревање, главен тренинг и истегнување. Ова е со цел сè да имаш на едно место.

    Исто така овојпат, има КОМПЛЕТНО НОВО мени со рецепти што ќе задоволат сечиј вкус..

    Она што вреди да се спомене и дополнителната едукација којашто ја има во делот Бонуси. 

    3. КОЛКУ ВРЕМЕ ТРАЕ ПРОГРАМАТА?!

    Овојпат програмата ќе трае 8 седмици. Но, пристап до неа ќе имате 16 седмици.

    4. КОЛКУ ВРЕМЕ ИМАМ ПРИСТАП ДО ПРОГРАМАТА?!

    Пристап до материјалите ќе имаш 16 недели од официјалниот старт. 

    5. КОГА ЗАПОЧНУВА ПРИЈАВУВАЊЕТО?!

    Пријавувањето започнува на 13ти Ноември, а ќе трае се до 20ти Ноември, за веќе од 21ви Ноември сите девојки да имате пристап до програмата, планот за исхрана и вежби, како и ФБ групата.

    6. КОЈА Е ЦЕНАТА ЗА ПРОГРАМАТА?!

    Заради ситуацијата во која се наоѓаме, решив и овојпат да ги прилагодам цените и да ги направам програмите достапни речиси за сите. Затоа оваа есен цената за една програма изнесува 2 рати х 890 ден на месец или 1590 денари за еднократна уплата.

    7.  ДАЛИ МОЖЕ ДА ЈА УПЛАТАМ ЦЕЛА ПРОГРАМА?

    Може. Сите оние кои ќе ја уплатат цела програма наеднаш добиваат и попуст и цената на цела програма ќе биде 1590 денари.

    8. КАКО МОЖЕ ДА УПЛАТАМ?!

    Уплатата се врши Онлајн со картичка со клик на едно од копчињата “купи сега“ на оваа страница. Доколку некоја од вас нема или не може да плати од сопствената картичка, нема да биде проблем да уплати од друга. Може да се уплати од било кое место во светот.

    Уплатата може да се изведе на рати или еднократно. Уплатата на рати е автоматизирана и се изведува на следниот начин:
    Рата 1: При регистрација
    Рата 2: 30 дена после првата уплата.

    Уште еднаш, втората рата ќе биде наплатена автоматски од картичката со којашто е направена првата уплата. После втората рата наплатата запира и повеќе нема да биде користена картичката од системот. Плаќањето е 100% сигурно и безбедно.

    9. КАКВА Е ИСХРАНАТА ВО ПРОГРАМИТЕ?

    Претпознатлива по ''Слабееме Најадени'' , брзи, едноставни и премногу вкусни рецепти.(Менито не е само за девојки кои сакаат да намалат, туку и оние кои сакаат да накачат мускулна маса).

    Мислам дека девојките посебно ме почитуваат заради овој дел и предизвик ми е секој пат да ги изненадам. Кога ќе ми речат дека едвај чекаат да станат за да си го направат рецептот, јасно ми е дека ќе има нов бран на успешни трансформации. Храна е уметност и никогаш нема да дозволам да имаме досадно мени без разлика што се храниме здраво. Тука сум да докажам дека здравата храна е дааалеку повкусна од она на кое сте навикнати. Менито е прилагодено на Македонскиот стандард, без скапи и тешко достапни продукти. Ќе има мени и за вегетаријанци 🙂

    10. КАКВИ СЕ ВЕЖБИТЕ ВО ПРОГРАМИТЕ?

    Кратки, ефикасни и осмислени на база на искуството во изминативе 5 години работа со илјадници девојки. Вежбите се предвидени да се прават дома, во парк, сала или било каде и да ти одговара.

    Без разлика дали си почетник или веќе тренираш имаме вежби за тебе. Верувај ми многу овој пат, знам што ти спремив!

    11. ДАЛИ ПРОГРАМИТЕ СЕ ЗА ТРУДНИЦИ?

    Исхраната е идеална за сите, вежбите се оние за кои чуствувам голема одговорност пред да кажам ДА и секако прво треба да се консултирате со лекар. Како и да е, овие програми НЕ се предвидени за трудници без разлика што имате зелено светло од доктор.

    12. ДАЛИ ПРОГРАМИТЕ СЕ ЗА ДОИЛКИ?

    Не, оваа програма не е за доилка. За ова ја имаме програмата MamaFIT. Кликни тука за да ги видиш деталите:https://peacharmy.mk/mamafit-program

    13. КОЈА Е РАЗЛИКАТА ОД ПРЕДИЗВИК ДО ПРОГРАМА?

    Предизвикот е мини водич со далеку поинтензивни вежби од основните програми кои не ги препорачувам да се изведуваат на долг рок, а затоа и се вика предизвик, целта е за еден месец, сите оние кои биле ''заспани'' преку целата година, да го извадат најдоброто за пократок временски период. Добрата страна е дека успеваат во тоа, лошата е дека се што преинтензивно е преризично за долг рок, затоа и трае само 30 дена. Целта со основните програми, покрај исхраната и вежбите, ми е да ве научам ова да ви стане начин на живот. Школото кое ќе го добиете во програмите е нешто што нема да го најдете во ниеден предизвик, затоа се разликува и цената. Целото мое искуство ви го пренесувам преку осум неделните програми.

    14. КАКВИ РЕЗУЛТАТИ МОЖАМ ДА ОЧЕКУВАМ ОД ПРОГРАМАТА?

    Верувам дека поглемиот дел од вас веќе знаат што можат да очекуваат, но доколку си нова на мојот сајт и профил во продолжение ќе споделам дел од трансформациите и тестомонијали од девојките кои се дел од моите програми. Повеќе можеш да видиш и на овој линк:https://peacharmy.mk/hero

    15. ОДГОВОРНОСТ

    Оваа веб страна нуди фитнес и нутриционистички содржини и е наменета само за образовни цели. Овие информации не можат да ги заменат професионалните медицински совети, дијагноза или третман. Ако имаш загриженост или прашања во врска со твоето здравје, секогаш треба да се консултираш прво со твојот лекар. Не занемарувај, избегнувај или одложувај добивање на медицински или здравствени совети од твојот лекар поради нешто што можеби си го прочитала на оваа страница. Користењето на сите содржини и програми прикажани на https://peacharmy.mk е само на твоја, сопствена отговорност.

    Кое е искуството на другите девојки

    Во продолжение можеш да ги погледнеш импресиите и резултатите на дел од девојките што беа на претходните програми.

    Марија Јовановска, 24

    "Година дена се мислев дали да се пријавам и стварно не згрешив. Ана не е само обичен фитнес тренер - Ана е мој фитнес ГУРУ! Кога ми беше најтешко и мислев да се откажам од приватни причини Ана ми пријде сама, ме ислуша и ми даде сила да не запирам. Тоа исклучително го ценам."

    Бета Бошњак, 33

    "Се борев со екстра килограми од 2015. Во меѓувреме со бременоста си дојдоа уште мнооогу дополнителни килограми што никако не можев да ги намалам. Пробувам се и сешто, но никако до успех. Ана, мојата кралица се појави и ми ја даде правилната формула за здраво хранење и вежби перфектни за моето тело. Започнав со Ана од 5ти Јули 2020 и еве ме сега- 13 килограми и најсреќна на цел свет."

    Нена Спасов, 30

    "Ана е еден од најпозитивните и најприземните ликови кои ги имам запознаено. Не само што се грижеше за сите нас како тренер, туку се грижеше и за нашата целосна благосостојба со допир до подлабоки теми. Летниот предизвик беше одлуката која ми ја обележа 2020 година на позитивен начин и дефинитивно продолжувам со неа натамошно да се подобрувам."

    Стефани Стојанович, 28

    "2020 ќе ја памтам по Ана! По нејзината животна лекција која несебично ја упатува кон секој што ќе и дозволи!! Бев скептик, но љубопитноста и желбата за брзо слабеење ме натераа да и поверувам! И не погрешив, напротив научив што значи пред се здрав начин на живот, здрав оброк, љубов кон себеси, 15 минути одвоени кон себе за здравје пред се, за изглед и да не зборам!! Верувајте во Ана, таа ќе ве натера и да верувате во себе!!!
    Ана е мојата љубов за 2020!"

    Фатиме Шабедин, 31

    "Ние сме твоја војска, а ти си наш генерал. Многу ми помогна, можам да кажам дека ми смени многу работи во животот ,сакам да продолжам со ова темпо и вечно ќе ти бидам благодарна."

    Васе Гиова Дончев, 31

    "Ана ја следев подолго време и навистина мотивираше, но никако да се решев за програмите бидејќи три месеци ми изгледаа многу долго. Кога се појави летен предизвик решив да се пријавам и да истрајам, но со друга цел овој пат, да не биде само слабеење на кратка стаза. Сега одиме на подолги стази 3 месеци со Insta Fit, да стекнеме здрави навики, редовно да вежбаме, здраво да се храниме, за да може кога да посакаме да си дозволиме некое слатко задоволство."

    Силвана Аврамовска, 27

    "И покрај тоа што се програми за дома, Ана воопшто не направи да се почувствуваме дека сме сами во целиот процес. Многу мотивација, многу енергија и желба за здрава храна. Ова е најдоброто нешто што ми се случило, не само физички, туку и психички, 2020 за мене доби нова димензија."

    Убавка Милосављевска, 40

    Јас сум медицинска сестра и нонстоп во акција. Ана е најпозитивната,нај не себична да мотивира, помогне,советува и при тоа не бара ништо за возврат, добро бара резултати и трансформација:) Според начинот на живот и динамиката кој го живеам ,Ана е единствената што успеа да ме мотивира и стави во ред .Вежбам редовно и при тоа не изгладнувам а резултатите се видливи.

    Ајнур Абдулоска, 50

    "Ана беше мојата “Карма” , од милион фитнес и трењери со кои ми е преполн инстаграмот ја одбрав неа една вечер после полноќ. Зошто? Нејзината упорност и посветеност при враќањето во форма по операцијата. Зошто? Because it was meant to be ? И чудо се случи, за некој што е упорен во вежбањето повеќе од 30 години, најдобрите резултати ги постигна на 50 со Ана. Ана ме научи да јадам и да слабеам ме научи дека можи и да се згреши и да се продолжи Ана е my hero!"

    Марина Мицкова Арсовска, 36

    "Да не постоеше Ана ќе требаше некој да ја измисли некој. Таа ми го промени животот. Не само што се променив физички, со нејзините програми се променив и психолошки емотивно. Се зголеми мојата самодоверба, а на животот, здравите навики во секојдневието како вежбање и исхрана почнав да го гледам со страст."

    en_US