Eлена И.Т.
Ана Стојанова: Фала ти што се нафати да бидеш дел од херој проектот, мило ми е што ми пиша иако не си активна во групата. Ајде да почнеме значи која е Елена? Од каде доаѓаш? Што работи? И колку долго е со армијата?
Елена Илијоска Томашевска: Најпрво здраво на сите, фала ти на поканата јас сум Елена Илијоска Томашевска, доаѓам од Скопје имам 33 години активна сум точно 11 месеци значи од прошлиот февруари до ден денес сум верен војник можам да кажам на армјата.
Ана Стојанова: Се гледа по постигнатиот резултат, не ми кажа што работиш?
Елена Илијоска Томашевска: Работам јас сум електро инжињер, работам во специјална болница за дијализа Дијамед. Морам да ја нагласам бидејќи имам многу голема поддршка од колешките за целиот овој еве проект да го кажеме.
Ана Стојанова: Кажи ми која беше ти пред да се вклучиш во програмите? Ме интересира конкретно што јадеше? Значи како се исхрануваше? Дали помислуваше на тренинг? Која беше Елена пред програмите? Како изгледаше еден нејзин ден?
Елена Илијоска Томашевска: Како мала имам тренирано пливање значи долги години, и можеби тука настана дел од проблемот, кога ме зимаше баба ми од пливање имаше бурекчилница карши олимписки и стално бабе бабе ајде едно осминче нели. И понатаму нели.
Ана Стојанова: Премина во четвртинче.
Елена Илијоска Томашевска: Како што иде средно, хормони нели растеш, во средно имав така малце поголема килажа од потребната мислам оно што е нормална килажа за девојче. И негде веќе на факултет кога почнаа сите нели дечковци да си фаќаат тебе почнува да те фаќа како зашто другите а не јас, и тука имаше еден чај тогаш на а1 телевизија, и јас почнав да го конзумирам чајот почна гладот да ми се намалува симнав убава килажа но пресудно беше морам да кажам што нон стоп идев на факултет со точак. Бев поприлично активна може еден период и по два пати во денот, и таа килажа си ја оддржував подолг период.
Ана Стојанова: Кој беше проблемот и кој беа предностите и слабостите? Дали пак би го направила тоа да почнеш да слабееш со некој чај? Затоа што многу млади девојќи ќе го гледаат ова и многу знаат да се излажат, ти имаш искуство и супер е да го споделиш тоа.
Елена Илијоска Томашевска: Пре би рекла дека не беше до чајот, туку беше до точакот, затоа што стварно значи колку поише си активна и оној момент колку поише физички тренираш правиш нешто возиш точак се качуваш на водно, делува на тоа да потрошиш повеќе калории од онолку колку што си внел. Чајот може е повеќе психички момент не е толку дека стварно делува.
Ана Стојанова: А што се случуваше во делот со исхраната? Дали ти во тој период внимаваше на исхраната или мислиш целиов овој успех го препишуваш само на активноста или на точакот?
Елена Илијоска Томашевска: Не внимавав како што е.
Ана Стојанова: Само ти се намали апетитот.
Елена Илијоска Томашевска: Да се намали апетитот влушност се намали внесот на калории.
Ана Стојанова: Ама бабее осминче уште си. Океј сега кажи ми имаше ли храна од која што беше зависна во тој период конкретно?
Елена Илијоска Томашевска: Да, да бело брашно, пецива значи месено, пита такви работи и млечни производи
Ана Стојанова: Хидрати.
Елена Илијоска Томашевска: Да, кашкавал растопен кашкавал што е можно да биде по растечено по рашљакано што би рекол сопругот мој.
Ана Стојанова: И што се случи од кога намали килограми? Велиш дека си била активна си возела точак, како ги врати килограмите?
Елена Илијоска Томашевска: Ги вратив со тоа што престанав нели да ја имам таа физичка активност.
Ана Стојанова: Добро, а ова цело време го пиеше чајот или го прекина?
Елена Илијоска Томашевска: Не, чајот ми беше прекинат кога ја постигнав одредената килажа, значи се симнав дури на 55 килограми.
Ана Стојанова: Дали почувствува некој нус појави од чајот?Мислиш ли дека би го направила ли тоа пак ?
Елена Илијоска Томашевска: Па не, не би го направила со оглед на тоа дека всушност све е до нашиот мозок и како ние ќе се програмираме и ако сега речеме дека јас тоа не го јадам значи и го внесеме во нашата подсвест, и под кожа ни влезе тоа значи ќе си тераме по тој принцип.
Ана Стојанова: Дали килограмите беа единствена причина или имаше некој друг проблем? Добро спомна дека на факултет си имала проблем нели си се споредувала со другарки те што е нормално така, дали килограмите беа главен проблем или имаше нешто друго што те мачи?
Елена Илијоска Томашевска: Овој пат пред да почнам со Peach Army да, значи имав голема анксиозност изразена, со панични напади и здравствени проблеми од стилот покачен холестерол и триглицериди кои не беа нешто кузнае колку покачени за да треба да се прима терапија или слично, но сепак ти влијаат на твоето нели здравје и бидејќи работата ми е поприлична физичка, највеќе ми беше пресуден тој период као не можеш да клекнеш, да станеш да земеш да направиш, немас слика немаш енергија се осеќаш како едно буре буквално, како топче.
Ана Стојанова: Кој момент беше пресуден па си рече Peach Army или оваа програма мене ќе ме стави во ред или не знам се намалија паничните напади, се намали анксиозноста, сметаш ли дека тоа е благодарение на програмата?
Елена Илијоска Томашевска: Да, имаше големо влијание, дури и ти имаше ставено сега скоро едно видео баш оној момент кога ќе се извежбаш и кога ќе го почувствуваш тоа олеснување од тебе, како не знам да си освоил некоја како да си се искачил на некоја планина. И на почеток ми беше многу тешко кога вежбав нели голема килажа нормално со големи паузи, но бев стриктна морам јас тоа да го извежбам без разлика дали ќе потрае тоа плус 5 или 10 минути, само за да се олеснам од таа психичка психички стрес што го имам. Боите значи стварно многу ми се допадна боите и може и најбитниот момент беше тоа што вежбите се поприлично кратки, и се изведуваат дома. Мислам дека тој момент ми беше пресуден.
Ана Стојанова: Кога прв пат ја здогледа програмата.
Елена Илијоска Томашевска: Со храната имав представа што е како е нормално секој човек што повише истражува и знае што треба и што не треба да конзумира. Повеќе ми беше моментот со вежбите дека ете дома ќе бидеш сам никој нема да те гледа ќе се затвориш у една соба ќе си пуштиш музичето ќе си пуштиш вежбите ќе си ги извежбаш нате нане без никој да те замара и едноставно кратки се, после се тушираш и тоа е тоа. Додека да земев да идев у теретана со моите работни обврски домашни обврски ми беше ту мач бидејќи нели треба да се припремиш да отидеш еден саат да се извежбаш да се вратиш, тоа се веќе 3 саати што мене.
Ана Стојанова: Точно се луксуз во овој момент. Кажи ми колку килограми успеа да намалиш со програмите и која е твојата следна цел, што цел имаш следна дали тука застанува?
Елена Илијоска Томашевска: Успеав да симнам речиси 25 килограми, тоа ми беше од прилика првичната цел, си ставав некој цели но да има уште многу за работа, има уште огромна работа во план ми е барем уште 10 да ги симнам и крајната цел ми е инста бути искрено.
Ана Стојанова: Кон тоа се стремиме сите и убавата работа е тоа што никогаш нема да прекине тој момент да работиме на себе и како повеќе тече времето се повеќе и повеќе стануваме зависни и тој момент кога кажав ти излегува таа топлина од главата, нервозите сите тие работи едноставно стануваш зависен знаеш дека си зависен од тренинг. Кажи ми освен килограмите коишто нели 25 се многу и се приметува кај тебе, забележуваш ли некоја друга промена? Зборувам ете кажа дека си имала проблеми со ансиозноста, што е тоа што конкретно го забележа као сега се намалија паничните напади или ги снема скроз?
Елена Илијоска Томашевска: Ги снема скроз, анксиозноста е сведена на најниско, дури можам да кажам и дека и неа ја нема, многу сум пофизички активна по психички спремна, баш оној момент со самодоверба и каква позитивна енергија ти дава целата целиот овој програм, таква и позитивна енергија и шириш може влијае и на другите луѓе, го гледаат тоа да и еве морам да потенцирам и дека имаше доста луѓе што после мене се приклучија гледајќи ме мене. Морам да ја поздравам колешката твоја имењачка Ана, она е со октомвриската група сега, 15 килограми само со храната.
Ана Стојанова: Браво, да ја поздравиш Ана и кажи и дека ке ја чекаме да биде наш следен херој, да ја снимиме и нејзе тука баш ќе ми ниде мило.За без многу да расмислуваш, што најмногу ти се допаѓаше од програмите и предизвиците? Освен вежбите, кажа дека вежбите ти се како број 1.
Елена Илијоска Томашевска: Да значи она што храната е многу нормална, многу приступачна за сите многу брза за припрема значи нема од делови од она типот киноа миноа не знам сега мора вака сега мора во стрикно време па да поминат 6 саати па автофагија и не знам се си е сосема нормално со оние намирници што ние тука ги имаме, лесно за припрема.
Ана Стојанова: Целта на нели на програмата е да не ти е главна преокупација, нели сите сакаме да живееме здраво ама никој не сака да шета со вагата да мери киноа, колку треба па сеа по 2 саати ова така да мило ми е што тоа го забележа и тоа што ти е најдобро во програмата. Најголемите 2 проблема на девојките во армијата се немам мотивација и немам време, која е твојата тајна кажи ми? Како ти се справуваш со тоа? Затоа што кажа дека работиш во болница ти си електро инжињер, како ти се справуваш со тој дел?
Елена Илијоска Томашевска: Прво за мотивацијава мислам дека е најбитно да си имаш зацртано некоја цел или некоја нешто што сакаш да го направиш. Еве ќе ви откријам една тајна со сопругот сме договорени кога ќе стигнам до одредена бројка ќе ме части на некој начин тетоважа којашто ми е животна цел. Значи ете мора да си зададеш нешто што ќе те мотивира за да можеш го постигнеш тоа.
Ана Стојанова: Да те движи нешто.
Елена Илијоска Томашевска: Да, башка што тука имаш многу здравствени придобивки, психички придобивки, многу поубаво ќе изгледаш, поубаво ќе се чувствуваш. За се има време ако сакаш да се да го постигнеш тоа, за све има време значи ќе место да лежиш и да седиш на телефон ќе си го скратиш тоа задоволство , ќе искочиш малце од комфорт зоната значи ќе станеш 15 минути порано од попладневната дремка и ќе станеш да си направиш доручек или сега е нели актуелно предходна припрема на храна во недела ќе си припремиш за 2-3 дена, има многу видеа на тик ток и на инстаграм, значи може да си го комбинираш времето.
Ана Стојанова: Се е до главата и ми се свиѓа моментот баш е онака тајна, јас тоа од секогаш сум го велела треба да има нешто што те движи. Или во најмала рака замисли си се како сакаш да изгледаш, не тоа да те преоптоварува затоа што многу луѓе сметаат ќе замислам како сакам да изгледам и тоа нема да го постигнам за 2 месеци и мене тоа ме демотивира. Така да треба да бидеме реални колку може да се постигне за 1 месец, а ти доста постигна за неполна година и мислам дека стварно си голема мотивација и нели не случајно си тука денес. Дали има нешто што сакаш да додадеш? Не те прашав дали имаш деца?
Елена Илијоска Томашевска: Да имам една ќеркичка мала, 4 ипол години поприлично темпераментна значи мора да се посветиш си бара и она внимание.
Ана Стојанова: Најчесто мајки се жалат ете така со деца дека детето бара време во денот што е точно, ама дали е изговор дека заради детето не може да се вежба?
Елена Илијоска Томашевска: Не, не е изговор се е додека му објасниш на детето дека треба да го направиш тоа, дека треба да извежбаш нели да објасниш што се случува значи ние ја постојано со разгово и кажувам, дури и доаѓа и она со мене крева раце нозе прави нешто.
Ана Стојанова: Тоа е многу добар пример да, дури сакав малку да го нагласиме тој момент зошто и децата не вежбаат заедно со мајките? Мислам тоа е добар пример.
Елена Илијоска Томашевска: Па не знам најверојатно мислат дека ќе им сметаат и ги откачуваат децава. Иначе се додека не му објасниш не му кажеш на детето со убаво нели а и се поставиш спрема него како спрема другарка/другарче, многу повише време ќе имаш и повеќе ќе знае што се случува дури и ќе и помогне. Стално се случува на пример ја веќе не мозам без лимон и ѓумбир од сабајле си го спремам поручек, а мама и ја да ти помогнам па ми го цеди лимонот, го рендаме ѓумбирот заедно значи ги внесуваш децата во активностите и дури и помош нели можеш да имаш од нив
Ана Стојанова: И голема е шансата дека и они ќе го прават истото кога ќе пораснат затоа што нели ние сме огледало за нашите деца. Тоа беше се за денеска Елена фала ти многу што се нафати, не беше страшно мило ми е што ја сподели твојата приказна со армијата и се надевам дека за една година од сега или 11 месеци од сега ќе те видиме со уште поголем резултат, и повторно ќе ми бидеш гостинка.
Елена Илијоска Томашевска: Идеме кон тоа тоа ни е целта.
Ана Стојанова: Фала ти.