Материјал 2 од 5
Во тек

РЕЦЕПТИ ЗА ДОРУЧЕК

мај 27, 2024

ЈАГОДА И КОКОС ЧИА ПУДИНГ

СОСТОЈКИ  
– 3 лажици чиа
– 2 лажици овес
– 150-200 мл нискомасно кравјо или кокосово млеко
– 1 лажица мед или маџун
– екстракт од ванила
– 1 мала полна лажичка кокосови трошки
– неколку јагоди

– Најголемото откритие пред некоја година ми беше дека чиа пудингот нема потреба да отстои преку ноќ за да се набабри. Од тогаш ми стана и еден од поомилените брзи појадоци. Подготовката е едноставна. Во стаклен сад најпрво се додава млекото и екстрактот од ванила, па потоа чиа и се меша убаво една минутка додека не почне да кисне и расне, потоа се додава овесот и медот и повторно се меша.
– Најубавото за крај. Нароси го кокосот, па додади ги и свежите јагоди. На здравје уживање!

Калории: 396kcal Јаглехидрати: 44g Protein: 15g Масти: 18g

БАНАНА СПЛИТ

СОСТОЈКИ  

– 1 банана
– јагоди или било кое сезонско овошје
– 1/2 канче грчки јогурт со ниска масленост
– 1/2 мало шолче со млеко ако има потреба и ти е суво
– 1 мала лажичка мед
– 2 лажици гранола или 3 лажици овес
– малку сок од лимон по желба
– екстракт од ванила по желба

– Многу едноставен појадок за подготовка. Во стаклен сад ја додаваш гранолата, млекото и грчкиот јогурт претходно помешани со едно лажиче мед, малку сок од лимон и екстракт од ванила. Бананата ја сечеш на половинка, како на сликава, па и нејзе ја додаваш во стаклениот сад, а веќе на крај ги додаваш и јагодите.

– Доколку сакаш да си направиш домашен џем од јагоди, тогаш измиј ги, исецкај ги и стави ги да се пропржат заедно со некој засладувач како стевиа или слично.

Калории: 497kcal Јаглехидрати: 45g Protein: 15g Масти: 29g

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.