Материјал 3 од 5
Во тек

РЕЦЕПТИ ЗА РУЧЕК

мај 19, 2024

ПАЛАЧИНКИ ОД БРОКУЛА

СОСТОЈКИ  

– 1 цвет брокула околу 100гр, обарена и исцедена
– 1 мал кромид ситно сечкан
– малку луто пиперче ситно сечкано по желба
– 1 јајце
– 2-3 лажици овес
– сол бибер, мелен лук или други зачини по желба освен вегета
– 1 лажица маслиново масло
– 1 лажица урда од страна
– домат салата со магдонос и кромид

Сите состојки се блендираат заедно и се пржат на претходно заграна тава со малку премачкано со четка масло палачинките од брокула. Во комбинација со голема свежа салата од домат, краставица, пиперка и црвен кромид. На здравје ручек!

Калории: 455kcal Јаглехидрати: 34g Protein: 15g Масти: 28g

САЛАТА СО ЛОСОС

СОСТОЈКИ  

– 200-250 гр лосос
– 1/2 авокадо
– микс зелена салата
– домат
– краставица
– кромид
– 3-4 маслинки по желба
– лимонче

Вкусно и едноставно е вистинскиот збор. Баш како што изгледа и сликата. Рибата се пече, во меѓувреме ја правиш салатата. Најпрво ја зачинуваш зелената салата, а врз неа ги додаваш доматите, краставицата и кромидот. Од кога ќе се испече рибата ја додаваш од страна. На здравје ручек!

Калории: 597kcal Јаглехидрати: 18g Protein: 43g Масти: 39g

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.